fbpx
СПЕЦИЈАЛИЗИРАНИ ЦЕНТРИ

Центар за дојка

Клиничката болница „Аџибадем Систина“ во Центарот за дојка ги нуди следниве услуги: хируршки третман, патохистологија, онколошки и радиотерапевтски третман, како и пластична и реконструктивна хирургија. Пациентите се третирани од мултидисциплинарен тим од повеќе специјалисти. Испитувањата се изведуваат во пријатна атмосфера, а односот доктор-пациент е на највисоко ниво.

Денеска поради можноста за рана дијагноза на ракот на дојки се зголеми стапката за негово излекување. За таа цел, жените треба да прават редовни прегледи, како ехо на дојки и мамографија. Современата технологија, раната дијагноза и методите на третман денеска овозможуваат голем успех во лекувањето на овој карцином.
Дијагностички процедури на дојка

  • Ултразвук на дојки
  • Дигитална мамографија
  • Магнетна резонанца на дојки, биопсии и предоперативно маркирање

Дигитална мамографија

Болницата располага со најсовремен апарат за дигитална мамографија. Тој се користи за рана дијагноза на карцином на дојки, и ги открива и најмалите патолошки промени во дојката. Истражувањата покажале дека раната дијагноза на туморите е клучна за успешно лекување. Дигиталната мамографија, исто така позната како full-field digital mammography (FFDM), претставува систем во кој рендген снимките се заменуваат со детектори коишто ги конвертираат рендгентските зраци во електрични сигнали. Овие детектори се слични на детекторите во дигиталните камери. Електричните сигнали произведуваат слика на дојките којашто може да се види на специјален монитор со екстремно висока резолуција кој содржи алатки за манипулација со сликата, како нејзино зголемување во целост или на одредени делови, затемнување и осветлување и ја намалува потребата од дополнителни снимки, и може да се испечати на филм еднаков на конвенционалните мамограми. Според пациентите, дигиталната мамографија е попријатна од конвенционалната, употребува помал притисок компресија на дојките и има помала зрачна доза.

Хирургија на дојка

Живееме во ера кога карциномот на дојката е најчестиот дијагностициран карцином кај женската популација. Поради овој факт Клиничката болница „Аџибадем Систина“ дава посебно значење на дијагностиката и третманот на оваа болест. Секој пациент поединечно е разгледуван од страна на околошки конзилиум составен од рендгенолог, хирург и онколог во рамките на Центарот за дојка.

Онколошки и радиотерапевтски третман

По спроведениот хируршки третман во лекувањето на карциномот на дојка, пациентите имаат можност за онколошки и радиотерапевтски третман во најсовремениот центар за онкологија и радиотерапија. Во зависност од типот и степенот на канцер на пациентите им се спроведува хормонска, хемотерапија или радиотерапија т.е. зрачна терапија. Најчесто по хируршкиот третман се комбинираат овие три модалитети на третман. Третманот се спроведува од врвен тим онколози радиотерапевти кои работат според најсовремените протоколи во лекувањето на карцином на дојка.

Реконструкција на дојка

„Аџибадем Систина“ нуди можност за естетски третман по хируршката интервенција на дојката. Реконструкцијата на дојката може да се изведе за време на операцијата на туморот или одложена реконструкција, по завршувањето на онколошкиот и радиотерапевтскиот третман. Реконструктивните третмани помагаат за подигнување на самодовербата на жената и намалување на психичките трауми од самата интервенција. За пациентките во „Аџибадем Систина“ е задолжен цел тим од експерти, со цел што побрзо и на што побезболен начин да го надминат овој постоперативен проблем.