fbpx

Што сакаат жените – Колумна на Исидора Бјелица

08.05.2019

Кога Фројд умрел на 83 години сè уште бил во недоумица што навистина сакаат жените. Мојата комплетна триесетгодишна потрага по тајните на љубовта, страдањето, емоциите, желбите ме донесе до одговор не само што сакаат туку и каде лежи одговорот, односно решението.

Проблемот на женските желби и очекувања не е врзан само за мажите туку начелно проблемот е во „емотивните глад и жед“ кои пред сѐ се втемелени во емотивната атропоцентричност. Ние очекуваме од родителите, децата, пријателките, мажите да одговорат на нашите мошне високи емотивни стандарди, а тоа суштински е невозможно!

Така настанала флоскулата „сакај се себеси“ на чија апстрактност и нејаснотија требало да се закрпат векови тага, разочарување и скршени женски илузии за љубовта и среќата! Како да го направиш тоа, „да се сакаш себеси“, ако твојот емотивен ресурс останува жеден и гладен бидејќи ти е потребна емотивна интеракција или, што би рекол Алан Вотс генијално, „не можеме да ги бакнеме своите сопствени усни, а и кога се сакаме себеси си угодуваме себеси преку љубов за другите работи, како природа, шопинг, патувања, масажа, храна… така што сакањето себеси често е правење работи што ги сакаме… а искрено, човек, настрана од не секогаш присутната мајчинска инстинктивна безусловна емотивна посветеност, која е биолошки детерминирана, и светците кои до височината на безусловната љубов стигнале преку многу искушенија па на тој начин влегле и во ново ниво на емотивна неперсоналност – не може да го добие посакуваниот емотивен одговор. Пред сѐ затоа што човекот е суштество кое копнее да биде сакано, но де факто не знае да сака, т.е. нема ресурс за тоа надвор од со инстинкт омеѓените траење и интензитет – одржувањето на видот и проектираната женска илузија за голема романтична љубов – и тука настанува проблемот – бидејќи копнеењето по тоа да бидеме сакани не се смирува ниту по исполнувањето на биолошката цел за продолжување на видот.

Тука доаѓа до длабоко и автентично чувство на космичка „несаканост“ која со себе носи мултиплицирани обрасци на недоразбирања, кои само се повторуваат и се пренесуваат од генерација на генерација – изневерување на партнерот, студеност на партнерот, отсуство на љубов од страна на родителите, запоставеност и егоизам на децата, предавство и егоизам на пријателите, нови и нови врски како потрага, фриволност на блиските луѓе, итн. – соочени со духовната хипотеза дека само Бог може да нè сака како што ние би го сакале тоа, се соочуваме срамежливо со заклучокот дека ние всушност не знаеме и не умееме така да го љубиме Бога, настрана ретките примери на епифаниски напади на горлива трансцедентна љубов на оние кои тука ја побарале совршената љубов – со тој теодулиски идеал 21 век и неговите њуејџ-гуруа свесни за овој ист проблем го донесоа императивот на сакањето себеси – но и покрај унисоното хорско повторување дека тоа е есенција на сите есенции – кого тоа навистина го исполнило освен нарцисите кои тој потенцијал веќе го имаат низ продолжената самозаљубеност? И што е тогаш решението?

Што е одговор на тоа централно прашање на емотивната жед – на таа страшна мака на перманентен љубовен глад со кој посебно жените се соочуваат затоа што се програмирани дека емотивноста е централен дел на нивното битие, додека кај мажот – таа е помалку или повеќе задржана во координатите на неговата социјална амбиција и сексуалните нагони. Ако знаеме и дека тестостеронот ги уништува невроните за емоции, што ѝ преостанува на жената која не сака да стане „емотивен маж“? На жената која не е свртена кон социјалното мерење и задоволување нагони или која не се пронаоѓа во привремениот мир – социјалната сигурност и улогата на негуван сексистички објект од друга страна? Што е со жените кои пред и над се навистина сакаат љубов? Не само емотивна анестезија туку и појак или послаб емотивен наркотик? Решението е пред сѐ во дефокусирањето од емотивната антропоцентричност, а тоа би значело пред сѐ да се бара љубов таму каде што навистина ја има – во прегратките на Гаја – во животните, растенијата, ѕвездите, водата, земјата, во обновениот контакт со Гаја како божествен медијатор. Русоовиот повраток на природата кој доживува нововековен ривајвал не е враќање во примарната заедница – тој пред сѐ е враќање во прегратката на оние кои умеат да сакаат… затоа мнозинството немажени, мажени, разведени жени пронаоѓаат потполна и поисполнета емотивна врска со своето куче, мачката, коњот, во својата градина или во контакт со водата отколку со својот маж или со геј-замената. Излезот од антропоморфичната емотивна адикција повеќекратно е ослободувачки, тој нè тера да престанеме да бараме вода во пустина и меѓучовечките тензии околу незадоволените емоции ги префрла на друго поле! Тоа е премногу за многу души желни за љубов затоа што програмите на желби и копнежи, проекциите и очекувањата врзани за антропоцентричната емотивност се пресилни – тие се дел на колективното несвесно – ние перманентно сме бомбардирани со исти стереотипи за „сништа за среќата“. Па, без разлика што необразованиот свет им се смее, не се луди овие милионери и селебрити личности кои одат наоколу и гушкаат дрва. Лежат на земја и на песок за да го средат магнетизмот, обработуваат бавчи – од неодамна е докажано дека во таа земја и валканици постои бактерија што го подигнува хормонот на среќа… сѐ на сѐ, пред да успее да оствари стабилна и радосна врска жената денес очигледно мора делот на своите емотивни нагони да го засити преку гушкање кучиња и дрва, што се покажало како многу поуспешно од терапиите со психијатар… затоа откачувањето од емотивната антропоцентричност, како и репрограмирањето на деструктивните бајковити програми се почеток на секоја успешна врска со мажот.