fbpx

СЕЗОНСКИ ГРИП И КОРОНАВИРУС: „АЏИБАДЕМ СИСТИНА“ ЗА ПРВ ПАТ ВО МАКЕДОНИЈА ВОВЕДУВА ТЕСТ КОЈ ГИ ДЕТЕКТИРА ИСТОВРЕМЕНО

05.10.2020

n

Во Клиничката болница „Аџибадем Систина“ се воведе и нов тип тест за PCR молекуларно докажување на присуство на повеќе типови на вируси кои заедно со Корона вирусот –припаѓаат во група на вируси кои може да предизвикаат тешка респираторна клиничка слика. Станува збор за таканаречен Мултиплекс панел тест кој во исто време детектира специфични генски секвенци за докажување на присуство на Корона вирус, и специфични генски секвенци од вирусите на сезонските грипови А и Б инфлуенца. „Аџибадем Систина“ е првата болница во земјава која го воведува и изведува за прв пат во Македонија.

Со овој тест болницата уште еднаш докажува дека е лидер во примената на нови медицински методи. Со само eден тест се докажува присуство на корона вирусот (SARS-CoV-2), но и другите вируси кои се карактеристични за есенската и зимската сезона.

„Особено сега во пресрет на сезонските настинки и грипови кога симптоматологијата на пациент со Ковид инфекција е многу слична скоро идентична со пациенти инфицирани со друг тип вируси- важно е ординирачкиот доктор да знае и има поставена целосна дијагностичка дистинкција за причинителот на инфекцијата со цел полесно и навремено мониторирање и згрижување на здравјето на пациентот. Во паника кога секој пациент со температура се третира ко суспектен за Ковид-19 од голема полза е да  навремено и точно дијагностички се утврди кој е причинителот на таа симптоматологија, која не секогаш е последица настаната после Ковид-инфекција, вели Среќко Рајовски, шеф на лабораторија за молекуларна дијагностика во „Аџибадем Систина“

Инфектолозите велат дека овој тест ќе биде исклучително важен во овој период особено затоа што ќе се вкрстат сезонскиот грип и Ковид-19. Многу симптоми ќе бидат слични, а од особено значење ќе биде во рана фаза да се направи точна дијагностика за да се реагира со соодветен третман. Досега се случувало пациент кој е негативен на  Ковид тест да има манифестации слични како да е заболен од вирусот, па поради тоа се следи на оддели каде се сместени и други пациенти заразени од коронавирусот.

Со овој мултиплекс тест во Клиничката болница „Аџибадем Систина“ впрочем се добива целосна слика за здравствениот статус на пациентот, односно дали станува збор за Ковид позитивен пациент или пациент кој носи друг тип на сезонски вирус. Особено важно за овој тест е што може да има широка примена за помладата популација која е најчесто изложена на вирусни инфекции, што ќе е од голема полза за училиштата и градинките затоа што по тестирањето на дете со слична симптоматологија ќе се знае детално од што се заболени децата и нема да се создава паника. Во пресрет на периодот кога доаѓаат сезонските грипови овој тест се смета за револуција во заштитата на граѓаните.

Овие тестови ги препорачува и Светската здравствена организација.

Цената на Мултиплекс тестот е идентична како стандардниот PCR тест и чини 3.950 денари, а резултатите се добиваат за 24 часа. Тестот  се изведува со земање брис од нос и грло.