fbpx

Сестри од „Аџибадем Систина“ презентираа на Конгресот по кардиологија во Охрид

17.10.2019
IMG
 

Сестри од Клиничката болница „Аџибадем Систина“ учествуваа на 6. Македонски конгрес по кардиологија и на првиот Регионален кардиолошки конгрес, кој се одржа месецов во Охрид.

Учеството беше искористено за размена на искуства, но и презентација на пет теми. Свои презентации имаа сестра Ленче, сестра Маја и сестра Наташа. Темите се актуелни и ја прикажуваат примената на најсовремени медицински техники кои се користат во „Аџибадем Систина“.

Сестра Ленче усно презентираше на тема „Безбедност, ефективност и квалитет на дијагностичка коронарна ангиографија, поглед од поинаква перспектива или приказ на иднината”. Таа имаше свои постер-презентации и на уште две теми, од кои едната „Примена на НИВ“, а другата „Акутна дисекција на АО во поодмината бременост“, и тоа преку приказ на случај.

За гербоде-дефект низ приказ на случај своја усна презентација одржа сестра Маја. Сестра Наташа, пак, презентираше на темата „Решавање на паравалвуларен дефект – интервентна кардиологија”.

На конгресот учествуваа сестрите од кардилошкиот оддел Ленче Спасовска, Маја Атанасовска и Наташа Трајчевска. Конгресот беше одлична можност за промоција на Клиничката болница „Аџибадем Систина“ и за потврда на нејзините квалитети.