fbpx

Розовите маички и оваа година доминираа на Женската трка, нашиот тим заврши меѓу првите

02.04.2019

Acibadem Sisintina Run заокружи уште една „Женска трка”, како дел од Скопскиот маратон што по 7. пат се организираше во главниот град.  И оваа година имаше рекорден број учесници или беа пријавени 2.300 учеснички од 15 земји. Од КБ „Аџибадем Систина“ учествуваа 20 натпреварувачки.

Трката имаше натпреварувачки, но и хуман карактер. Дел од средствата што беа уплатени како котизација беа донирани, а се купуваа и маички.

Парите кои се собрани ќе бидат наменети за помош на Снежана Караџовска во нејзината борба повторно да прооди. Клиничка болница „Аџибадем Систина“ учествуваше со спонзорство на трката и традиционално додели  наградни ваучери за учесниците. 

Уште еднаш испративме порака за значењето на здравиот начин на живот и важноста на здравјето на поединецот.  Нашите учеснички во неколку возрасни категории беа меѓу првите 10 натпреварувачки, со што практично покажавме дека го негуваме и практикуваме спортскиот начин на живот.

Учеството на Женската трка е уште еден од настаните на „Академијата за среќа“, а следниот предизвик е Скопскиот маратон, за кој сериозно се подготвуваме.