fbpx

Реномираното списание на EACTS објави труд на д-р Николиќ: „Аџибадем Систина” претставена на најголемиот конгрес за кардиоторакална хирургија

04.10.2019

AleksandarNikolikj Lisabon

Професор д-р Александар Николиќ од Клиничката болница „Аџибадем Систина“ присуствува на конгресот на Европската асоцијација за кардиоторакална хирургија (EACTS) што се одржува деновиве во Лисабон.

Годишниот состанок на EACTS е најголемиот кардио-торакален кoнгрес во светот кој е фокусиран на научен развој и истражувања во повеќе специјалности. Годинава се одржува по 33. пат.

Инаку, специјализираното списание на оваа асоцијација (EACTS Guidelines) пред конгресот објави труд на д-р Николиќ. Ова е исклучителна чест за Николиќ и за Клиничката болница „Аџибадем Систина“ затоа што е застапена во едно од најреномираните и доста популарни списанија од областа на кардиоваскуларната и торакална хирургија. Списанието е достапно во цела Европа. Во овој број освен трудот на д-р Николиќ, застапени се и неколку други трудови на реномирани европски кардиолози.

[i]Трудот на д-р Николиќ е објавен во уште три одлични списанија од областа на анестезија, перфузија и хирургија.

Станува збор за British journal of anesthesia, European journal of cardio-thoracic surgery и за Interactive cardiovascular and thoracic surgery.

Инаку, мисијата на EACTS е да се промовира едукацијата на полето од кардиологијата, торакалните и васкуларни интервенции и да се промовираат истражувања од кардиоваскуларна и торакална психологија, патологија и терапија.