fbpx

Реализирани 8216 ноќевања во хотелите „ИБИС“ како центри за изолација

04.06.2020

Пред речиси 2 и пол месеци, на 22 март во хотелот „Ибис стајл“, кој прв беше отстапен од страна на „Орка холдинг“ и „Аџибадем Систина“ како центар за изолација, беше примена првата група граѓани кои пристигнаа во државата од странство и, согласно донесените мерки, требаше да поминат задолжителни две недели во карантин. Хотелот „Ибис стајлс“, целосно подготвен, беше меѓу првите објекти кои ги отворија вратите како центри за изолација.

Неколку денови подоцна капацитетите на „Ибис стајлс“ веќе беа исполнети и како центар за изолација „Орка холдинг“ и „Аџибадем Систина“ го отстапија и веќе подготвениот хотел „Ибис Скопје сити Центар“.

Заклучно со 2 јуни, во хотелот „Ибис стајлс“престојуваа 276 лица, односно беа реализирани 3645 ноќевања, додека во хотелот „Ибис Скопје сити Центар“ престојуваа 334 лица и беа реализирани 4571 ноќевање. За овие лица од државата беа обезбедени три оброка во текот на денот во вредност од 600 денари по лице.

Во двата хотели, каде што вкупно престојуваа 610 лица и поминаа 8216 ноќевања во вакви посебни услови, беа неопходни посебни безбедносни протоколи, медицинска заштитна опрема, соодветно обучен и опремен персонал. „Орка холдинг“, за да го обезбеди сети ова, за овие речиси два и пол месеци со сите ротации на лица во изолација издвои донација во висина од 200.000 евра.

IbisStylesСо обезбедени најсоодветни услови, средства за лична хигиена, соодветен, обучен персонал, медицинска опрема и заштита, организирана достава на храна и пијалаци, обезбеден пристап до интернет и ТВ во собите, „Орка холдинг“ и „Аџибадем Систина“ се обидоа престојот на овие лица да им го направат што е можно попријатен и полесен.

Веруваме дека лицата за кои беше одредена изолација се соочуваа со нешто кое никогаш претходно не го искусиле и целта беше карантинот да не го доживуваат како нешто застрашувачко туку да претставува само едно големо искуство од кое сите ќе излеземе посилни. Токму затоа, „Орка холдинг“ и „Аџибадем Систина“ со условите кои им ги понудија во хотелите „Ибис“ и грижата и третманот кои ги обезбедија за овие лица ја променија сликата за тоа што значи карантин.

Сето ова немаше да биде возможно без пожртвуваноста и истрајноста на вработените кои беа ангажирани во овие хотели за време на карантинот и безрезервно го прифатија овој предизвик. Медицинскиот и целиот останат персонал емпатично одговараше на сите потреби на лицата сместени во хотелите и во такви посебни услови наоѓаше начини да го развесели нивното еднолично секојдневие дури и со одбележување на нивните родендени со изненадувања.

n

Свесни дека ваквите големи предизвици може да се надминат само заеднички, во  моментите кога сите се наоѓавме пред една голема неизвесност од сето она кое нè очекува, горди сме и среќни што покрај другото и на овој начин „Орка холдинг“ и „Аџибадем Систина“ успеаја да придонесaт и помогнат во справувањето со коронавирусот.