fbpx

РАКОМЕТАРОТ ШИШКАРЕВ СЕ ВРАТИ ВО МАКЕДОНИЈА – УСПEШНО ОПEРИРАН ВО „АЏИБАДЕМ СИСТИНА“

17.10.2020
IMG caeebcacfc V
 
И покрај тоа што ги напушти РК Вардар и Македонија, рускиот ракометар Данил Шишкарев одлучи повредата на коленото да ја санира во Клиничката болница „Аџибадм Систина“. Десното крило на унгарскиот ракометен гигант Веспрем имал оштетување на ‘рскавицата на десното колено (медијална плика). Интервенцијата во „Аџибадем Систина“ ја изврши д-р Михајло Ивановски, специјалист по трауматологија, заедно со неговиот тим.

„Интервенцијата на коленото траеше еден час. Шишкарев в понеделник ќе може да ја напушти нашата болница. Предвидено е в среда да се врати во Унгарија за да почне со  рехабилитација. Очекувањата се од три до пет недели да се врати на тренажен процес“ вели д-р Михајло Ивановски, специјалист  по трауматологија.

Ова не е прв случај, врвни спортисти кои иако професионално играат во други држави, спортските повреди за кои е потребна хируршка интервенција да ги извршуваат во нашата болница. „Аџибадем Систина“ ужива голема доверба кај врвни домашни и странски спортисти.

Поранешниот ас на Вардар со македонскиот клуб има освоено две шампионски титули.