fbpx

Раденко Бојовиќ: Верувам во „Аџибадем Систина“

12.09.2017

AcibademSistina Radenko Bojkovikj 2

Фудбалерот на ФК Пелистер, Раденко Бојовиќ, денеска замина од Клиничката болница „Аџибадем Систина“ каде што беше опериран поради повреда на лигаментите на коленото. Оперативниот зафат го изведе тимот предводен од д-р Михајло Ивановски, трауматолог.

„Ова е една од најчестите повреди на професионалните спортисти. За среќа, кај Раденко помина сè во најдобар ред, од приемот до оперативниот зафат. По операцијата на стационарот на Хирургија, со него работеа физиотерапевтите. Сега му претстои период на рехабилитација, по што ќе може полека да се врати на терен“, вели д-р Михајло Ивановски.

Како професионален спортист, Раденко Бојовиќ досега имал повеќекратно искуство со тимот од „Аџибадем Систина“ каде што ги изведува сите превентивни прегледи, третмани и физикална терапија.

AcibademSistina Radenko Bojkovikj 1

„Во ‘Аџибадем Систина’ доаѓам одамна, уште кога бев и во претходниот клуб. За кој било проблем се консултирам со тимот овде, посебно со д-р Ивановски, со кого имаме одлична соработка.  По успешната операција, ќе дадам сè од себе што поскоро да се вратам на подготовките за следните натпревари“, вели Бојовиќ.