fbpx

ПРВПАТ ВО „АЏИБАДЕМ СИСТИНА“, ПОД ВОДСТВО НА Д-Р ВЛАДИМИР КОЈОВИЌ И Д-Р АЛЕКСАНДАР МИЦКОВСКИ, ВГРАДЕН Е ВЕШТАЧКИ УРИНАРЕН СФИНКТЕР

15.11.2022

Под водство на д-р Владимир Којовиќ и д-р Александар Мицковски, на одделот за урологија вграден е вештачки уринарен сфинктер за првпат во Клиничката болница „Аџибадем Систина“. Ваквиот тип операции се изведува само во врвните светски болници, со сериозно развиена и напредната реконструктивна урологија. Вештачки уринарен сфинктер (AMS 800) e имплантиран уред за третирање на најтешки форми на инконтиненција (неможност да се контролира урината), најчесто кај мажи по отстранување на простата поради карцином. Уредот е комплетно скриен и дозволува мокрење по желба на пациентот и на тој начин комплетно ја имитира и изведува функцијата на здрав сфинктер. Во ист ден процедурата e изведена кај двајца пациенти, а трошоците за оваа процедура беа на товар на ФЗОРСМ.

Вградувањето вештачки сфинктер претставува „златен стандард“ во терапијата на стрес-инконтиненција кај мажи и жени. Тој се состои од пумпичка, резервоар и манжетна. Манжетната се вградува околу уретрата, пумпичката во скроталното ќесе или лабиите кај жените, а резервоарот покрај мочниот меур. Водечките студии покажаа дека пациентите се многу задоволни и дека 90% од оние што се подложиле на оваа процедура би им ја предложиле на пријателите или на членови на семејството кои боледуваат од истата болест. По закрепнувањето од операцијата, пациентот се обучува како да го користи вештачкиот сфинктер.