fbpx

Проф. Николиќ ми подари втор живот

06.09.2019

kalaba nas

56-годишниот Зоран Калаба од Битола пред неколку дена дојде на прва контрола на кардиохирургија, одделот каде што беше опериран поради целосно затнување на артериите. Вели дека дотогаш немал никакви симптоми кои би навеле на сомнеж, но силната болка што ја  почувствувал во градите, вртоглавицата и забрзаниот пулс биле аларм да побара медицинска помош.

kalaba

„Не бев ни свесен дека сум имал огромно затнување на двете артерии, едната беше зафатена со 90%, а другата 95%. Докторите од Охрид ме упатија на итна интервенција бидејќи, како што велат тие, во себе сум носел темпирана бомба. За среќа, го избрав најдобиот кардиохирург, проф. д-р Николиќ, кој ми подари втор живот. Бидејќи сум од Битола, членовите на моето семејство не беа во можност да доаѓаат секој ден на посета по операцијата. Бев сам, но никогаш осамен. Околу мене секогаш имаше некој кој се грижеше за мене. Многу ми значеше нивното присуство и посветеност во тие моменти. Морам да ги пофалам сите вработени во Клиничката болница ‘Аџибадем Систина’, каде што имав беспрекорна грижа. Благодарение на нив сега се чувствувам одлично. Само неколку дена по интервенцијата сè се враќа во нормала. Луѓето што ме гледаат наоколу не веруваат дека сум правел операција на срце и дека имам два бајпаса. Д-р Николиќ, Ви благодарам за сè!“- изјави задоволниот пациент Калаба.