fbpx

Проф д-р Николиќ успешно изведе сложена кардиохируршка интервенција кај хемофиличар

16.07.2020

Педесет и осум годишен маж од Скопје заздравува по извршената кардиохируршка интервенција во Клиничката болница „Аџибадем Систина“. Операцијата ја изведе проф. д-р Александар Николиќ кој на пациентот му постави три аортно – коронарни бајпаса. Станува збор за исклучително сложена операција, дополнително и затоа што човекот е дијабетичар кој веќе е на таблетарна терапија. Пациентот чија состојба сега е стабилна е со хемофилија тип Б, а претходно редовно бил следен на Клиниката за хематологија. Хемофилија Б е генетско нарушување на крвта што предизвикува недостаток на протеини за згрутчување на крвта. Во „Аџибадем Систина“ бил примен како итен пациент и операцијата била изведена веднаш.

Во Клиниката дошол во средно тешка состојба со субакутен миoкарден инфаркт и тросадовна коронарна болест.

„Пред оперативната интервенција пациентот е соодветно подготвен вклучувајќи и супституција на фактор 9 на коагулација поради Хемофилија Б. На 14 јули пациентот помина кардиохируршка интервенција со поставување на три аортно- коронарни бајпаса. Сега постоперативно е стабилен, со секојдневна евалуација на фактор 9 на коагулација и соодветна супституција, вели д-р Николиќ.