fbpx

ПРОФ. Д-Р ЈОРДАН САВЕСКИ И Д-Р НЕДА ТРАЈКОВСКА, ПРЕДАВАЧИ НА 7. КОНГРЕС НА SOTA

25.05.2023

Во периодот 27-29 април во Белград се одржа 7. Конгрес на SOTA (Српска трауматолошко- ортопедска асоцијација) со меѓународно учество, 2. Конгрес на Српското здружение за хирургија на шака и 2. Конгрес на Српското здружение за реконструктивна микрохирургија.
На конгресот како поканети предавачи од Клиничка болница „Аџибадем Систина“ учествуваа проф. д-р Јордан Савески и д-р Неда Трајковска, специјалисти по трауматологија. Ги претставија достигнувањата на болницата и на хируршкиот тим на тема: хируршки третман на комбинирани фрактури на ацетабулум и карлица, хируршки третман на спинопелвична дисрупција и хируршки третман на остеопоротски спинални фрактури.

Проф. Савески имаше чест како почесен член на SOTA и учесник на сите досегашни конгреси да го отвори конгресот. Во говорот посака да има остри, конструктивни и продуктивни дискусии и јасни заклучоци, во интерес на подобрување на третманот и грижата за пациентите. Присутните предавачи и модератори на научните сесии со својата експертиза во трауматологијата и ортопедијата успеаjа да го постигнат тоа, разменувајќи искуства од својата клиничка практика.

viber image