fbpx

ПРОФ. Д-Р ДИМОВ И НЕГОВИОТ ТИМ ИЗВЕДОА РЕТКА ИНТЕРВЕНЦИЈА НА ПАНКРЕАС

20.02.2020

dimov

Единствена, ретка интервенција со добар исход му донесе насмевка на лицето на Енсар Аделовиќ, кој сега има 42 години. Станува збор за запирање на крвавење во панкресот преку дигестивниот тракт, односно преку дванаесетпалечното црево. Моментно Аделовиќ живее во Истанбул и е здрав благодарение на проф. д-р Владимир Димов од Клиничката болница „Аџибадем Систина“. Тој и докторот сега се добри пријатели и секогаш расположено зборуваат за тоа како станале блиски. Приказната, сепак, нема само убави моменти оти Аделовиќ во „Аџибадем Систина“ го донела маката. Самиот раскажува дека проблемите почнале лани во февруари кога живеел во Црна Гора. Болките во стомакот биле неиздржливи, па завршил во болница каде првично му е дијагностициран хроничен панкреатит и мала циста во главата на панкреасот. Она што според првичната дијагноза за докторите не било аларм, за Аделовиќ, сепак, значело уште долга голгота, која, за среќа, сега има повеќе од добар крај.

БОЛКИ ВО СТОМАК И ВРТОГЛАВИЦИ

„По прегледот во клиника во Белград ми рекоа дека не е ништо сериозно и дека можам да си одам дома. Меѓутоа, тоа траеше само до јуни. Во меѓувреме од 97 килограми, колку што имав, изгубив над триесетина килограми за шест месеци. Повраќав постојано и слабеев нагло. Повторно отидов во приватната болница во Белград и ми рекоа дека немам ништо, но јас имав сериозни болки во стомакот и во грбот. Некогаш се онесвестував и по двапати дневно“, почнува Аделовиќ. За „Аџибадем Систина“ знаел од рекламите што ги слушал, но и од искуство од „Аџибадем“ од Истанбул. Одлучил да дојде и се запознал со проф. д-р Димов, кого го барал и во Црна Гора, но поради тоа што докторот не работел веќе таму, судбината била да се најдат во Скопје. По прегледите во „Аџибадем Систина“ следувала операција на панкреасот за решавање на стеснувањето на дванаесетпалечното црево. Цистата во главата на панкреасот била сосема мала и на неа не требало да се интервенира во тој момент. По првата операција, сè било во ред па Аделовиќ почнал уредно да се храни и се вратил во Црна Гора. Но проблемите со болките не запреле. По два месеца одеднаш добил силни вртоглавици и еден ден Аделовиќ бил итно префрлен во болница во Црна Гора. „Не можев ниту да одам ниту да функционирам, примив многу крв поради тоа што изгубив доста иако не се знаеше од каде бидејќи ниту повраќав ниту имав крв во изметот. Го контактирав проф. д-р Димов и тој ме повика итно да дојдам. Ми беше дијагностицирано местото на крвавење и бев итно опериран. По операцијата, два дена бев на интензивна нега, потоа ме префрлија на одделение уште десет дена. Дека за време на операцијата се случувала драма, дознав од интересот на вработените во болницата. Сега повторно имам 90 килограми и функционирам нормално, се вратив во живот и јадам нормално, а и работам“, вели Аделовиќ.

dimov

ОПЕРАЦИЈА НА ПАНКРЕАС ПРЕКУ ДУОДЕНУМ

Проф. д-р Димов исто така со посебни емоции зборува за Аделовиќ. Докторот потврдува дека кога пациентот за првпат дошол во болницата бил во состојба на развиен акутен панкреатит, без да се знае како ќе се развива понатаму и со изразена неможност да се хра циравме каде е губитокот. Беше на една голема гранка зад панкреасот па се направи емболизација, односно се сопре крвавењето по ендоваскуларен пат. Сепак, неколку часа по интервенцијата, која траеше два часа, настапи силно крвавење, но овој пат низ дигестивниот тракт. Пробивањето беше на ниво на дванаесетпалечното црево. Имаше пробив на маса од панкреасот преку дванаесетпалечното црево од задна страна на абдомен. Бевме принудени да ја отстраниме масата преку дванаесетпалечното црево и по истиот пат да го запреме крвавењето, што е апсолутно нестандардно. Но, сепак, по комплетната интервенција следуваше стабилизација на состојбата на пациентот“, вели проф. д-р Димов. Додава дека е доста сериозна интервенција. „Станува збор за сериозна интервенција каде секунди се во прашање. Oва е редок случаj кој ретко е решаван и во светски рамки па затоа искуствата се индивидуални. Тоа е ситуација на граница на живот и смрт“, додава докторот. По првата интервенција со бајпас-процедури, тој проблем бил решен, односно била решена проодноста на дигестивниот тракт па Аделовиќ почнал нормално да се храни. Сепак, активноста на процесот и покрај неговата дисциплина за хранење и непиење алкохол продолжила за во еден момент да почне необјасниво нагло да губи крв. Кога бил хоспитализиран во клиничката болница во Црна Гора на Аделовиќ му биле дадени 12 шишиња крв, но овде, во Скопје, дошол во лоша состојба затоа што крвта постојано се губела некаде. „Побара да дојде тука и мислам дека тоа беше правилна одлука. Го лоциравме крвавењето, на најсовремен начин преку софистицирани методи, односно со ангиографија дојдовме до крвните садови на панкреасот каде што лоциравме каде е губитокот. Беше на една голема гранка зад панкреасот па се направи емболизација, односно се сопре крвавењето по ендоваскуларен пат. Сепак, неколку часа по интервенцијата, која траеше два часа, настапи силно крвавење, но овој пат низ дигестивниот тракт. Пробивањето беше на ниво на дванаесетпалечното црево. Имаше пробив на маса од панкреасот преку дванаесетпалечното црево од задна страна на абдомен. Бевме принудени да ја отстраниме масата преку дванаесетпалечното црево и по истиот пат да го запреме крвавењето, што е апсолутно нестандардно. Но, сепак, по комплетната интервенција следуваше стабилизација на состојбата на пациентот“, вели проф. д-р Димов. Додава дека е доста сериозна интервенција. „Станува збор за сериозна интервенција каде секунди се во прашање. Oва е редок случаj кој ретко е решаван и во светски рамки па затоа искуствата се индивидуални. Тоа е ситуација на граница на живот и смрт“, додава докторот.

dimov

НОВА ЖИВОТНА ШАНСА

Доктор Димов се занимава со панкреатит со години, повеќе од 30 години. Акутниот панкреатит е исклучително тешко заболување, најтешко од сите болести кои не се малигни. „Неговиот случај е редок, единствен по видот нa компликацијата и единствен по начинот на кој е решен проблемот, на главата на панкреасот преку дванаесетпалечното црево. Големо задоволство е што го спасивме. Лекувањето на овие болести бара добар тим бидејќи проблемoт e комплексен. Ваквиот исход нè направи да немаме само однос доктор и пациент туку развивме лично пријателство“, вели д-р Димов. Операцијата траела четири часа, но стресот бил голем. Кај панкреасот тоа е суштината, вели д-р Димов. Или го губите или потоа ситуацијата комплетно се средува. Впрочем, суштината е да се реши во првите 15 минути оти може да го изгубиме пациентот. За среќа, Аделовиќ ја имаше судбината да биде во рацете на искусниот д-р Димов. Тој сега работи и живее нормален живот во Истанбул и лошите спомени полека исчезнуваат.