ПРОФ. Д-Р АНДРЕЈ ПЕТРОВ СО ПРЕДАВАЊЕ ЗА ЛАСЕРСКО ОБНОВУВАЊЕ НА КОЖАТА СО ЕСО2 ЛАСЕР НА КОНГРЕСОТ INDERCOS
13.03.2023
Од 9 до 12 март во Истанбул, Турција се одржува 8. Меѓународен конгрес за дерматологија и козметологија INDERCOS. Веќе 7 години INDERCOS е домаќин на голем број доктори од целиот свет кои ги споделуваат своето знаење, истражувања и клинички практики во својата специјалност. Свое предавање на овој конгрес имаше и проф. д-р Андреј Петров, кој презентираше за ласерско обновување на кожата со еСо2 ласерот. Проф. Петров вели дека атмосферата на конгресот била инспиративна и дека е чест да се биде еден од предавачите на конгрес од овој ранг, каде што се презентираат сите новитети во дерматологијата.
