Проф. д-р Александар Николиќ, учесник на меѓународен конгрес во Атина

27.06.2018

Шефот на Одделот за кардиохирургија, проф. д-р Александар Николиќ,  ќе биде дел од меѓународниот конгрес насловен како „Атински крстопат“ кој од 8 до 10 ноември ќе се одржи во Атина.

Овој значаен меѓународен конгрес на едно место ќе ги собере пионерите на минимално инванзивната кардиоторакална хирургија, членови на International Society for Minimally Invasive Cardiothoracic Surgery (ISMICS).

Проф. Николиќ е поканет да учествува како модератор на „Сесијата на здружението Евро-азиски мост – презентации на апстракти“, која ќе се одржи на 8 ноември од 9 до 11 часот.

Конгресот „Атински крстопат” е иницијатива на Хеленското здружение на торакални, кардијални и васкуларни хирурзи (HSTCS).

Во прилог е програмата на конгресот.

Athens-crossroad-PRELIMINARY-PROGRAM_070618.pdf