fbpx

ПРОДОЛЖУВА АКАДЕМСКА ПРАКСА „АЏИБАДЕМ СИСТИНА“ – ЗАПОЧНА ВТОРИОТ СЕМЕСТАР ОД ВТОРАТА ГОДИНА

28.02.2022

Нова група на студенти од Факултетот за медицински науки при Универзитетот ,,Гоце Делчев’’ Штип денес ја започнаа својата практична настава во Клиничката болница „Аџибадем Систина“.

Нивниот прв ден, традиционално како и за сите нови студенти започна со кратка ориентација, а на студентите им беше одржана и обука која се однесуваше на најважните информации во однос на ситуациите со кои можат да се соочат за време на извршувањето на пракса во болницата.

Новата група на студенти во следните неколку месеци ќе има можност да извршуваат практична настава на Одделите за гинекологија и акушерство, педијатрија, ургентен центар, дерматовенерологија, анестезија, адултна кардиохирургија, оториноларингологија, детска кардиохирургија, гастроентерохепатологија, кардиологија, пулмологија и неврологија во Клиничката Болница „Аџибадем Систина“.