fbpx

Презентирани најсовремените протоколи за рехабилитација во ортопедија и трауматологија

13.09.2018

Клиничката болница „Аџибадем Систина“ и Здружението на физиотерапевти на Република Македонија  по повод одбележувањето на Меѓународниот ден на физиотерапевти организираа еднодневен едукативен семинар на тема „Рехабилитација во ортопедија и трауматологија”. На овој едукативен настан свои излагања имаа еминентни доктори од оваа област, како и дел од тимот физиотерапевти.

Меѓу стручниот тим доктори, предавачи од „Аџибадем Систина“ беа проф. д-р Јордан Савески, д-р Неда Трајковска, д-р Михајло Ивановски, Д-р. Борислав Илиев, д-р Даниел Јакимоски, д-р Аница Хаџи Петрушева – Јанкијевиќ. Од тимот физиотерапевти, предавачи беа Влатко Илиески, Марија Митковска и Мартин Талевски.

Предавањето го следеа физиотерапевти од целата држава  кои со свои прашања и мислења дадоа свој придонес во настанот.