fbpx

ПРЕТСТАВНИЦИ ОД IHH HEALTHCARE ВО ОФИЦИЈАЛНА ПОСЕТА НА „АЏИБАДЕМ СИСТИНА“

26.01.2023

Ангела Рајан – директор за човечки ресурси од групацијата IHH Healthcare и Фикри Кипер – директор за човечки ресурси од групацијата „Аџибадем“ денес беа во официјална посета на Клиничка болница „Аџибадем Систина“. За време на посетата, тие остварија средба со менаџментот на болницата и детално се запознаа со работата на болницата, како и со развојните планови. Дополнително беа презентирани и резултатите од работењето на болницата, нејзините капацитети, услови и можности на одделите и специјализираните центри.

Од 2012 година Клиничката болница „Аџибадем Систина“ е дел од вториот најголем синџир болници, малезиската групација IHH. Влегувањето во оваа групација претставува подигнување на стандардите во лекувањето и имплементација на сите најсовремени технологии и протоколи во лекувањето и поставување на нашата земја на светската здравствена мапа.