fbpx

ПРЕТСТАВНИЦИ ОД „АЏИБАДЕМ СИСТИНА“ СО ПРЕДАВАЊА НА ВТОРАТА СТРУЧНА СРЕДБА НА ЗДРУЖЕНИЕТО НА МЕДИЦИНСКИ СЕСТРИ НА АНЕСТЕЗИЈА, РЕАНИМАЦИЈА И ИНТЕНЗИВНА НЕГА

29.05.2023

Викендов во Скопје се одржа Втората стручна средба на новоформираното Македонско здружение на медицински сестри на анестезија, реанимација и интензивна нега МЗМСАРИН. На средбата, Клиничка болница „Аџибадем Систина“ со темата „Ризици и проценка на ризици во операциона сала и интензивна нега“ ја претставуваа Андроники Бибовска, медицинска сестра за едукации и обуки и Марина Николоска, одговорна сестра на Одделот за анестезија и реанимација, кои се истовремено и членови на Управниот одбор на здружението. Гостин предавач на средбата беше доц. д-р Дарко Саздов, специјалист по анестезиологија и интензивно лекување на тема „Примена на ултразвукот во анестезија и интензивна нега”.

anestezija

Во одлична работна атмосфера на настанот, на кој присуствуваа слушатели од многу здравствени центри од нашата земја, како и гости од Р Србија, се презентираа теми од секојдневната работа на медицинските сестри, се споделија знаења и вештини, како и нови процедури и протоколи за работа, кои се дел од работата на врвните тимови кои работат на одделите за анестезија, реанимација и интензивно лекување во Клиничка болница „Аџибадем Систина“. МЗМСАРИН е професионално, национално, неполитичко, доброволно и независно здружение, а формирано со цел да ги обедини сите медицински сестри/техничари кои работат на одделите за анестезија, реанимација и интензивна нега од сите државни и приватни медицински установи.