fbpx

ПОРАНЕШНИОТ ФУДБАЛЕР НА „АРСЕНАЛ“, БУЊАКУ, УСПЕШНО ОПЕРИРАН ВО „АЏИБАДЕМ СИСТИНА”

27.08.2019

AcibademSistina Alban Bunjaku

 

Познат косовски фудбалер кој е буквално „дете“ на британскиот клуб „Арсенал“ заздравува по интервенцијата на коленото која во Клиничката болница „Аџибадем Систина“ ја изведе доктор Борислав Илиев. Косовскиот репрезентативец Аљбан Буњаку е во одлична состојба, а за да го реши проблемот со ногата, препорака добил од докторите од англискиот тим „Дерби Каунти“, за кој игра сега. Таква препорака имале и косовските доктори, а по интервенцијата, Буњаку ќе се врати на спортските активности.

Буњаку дошол во „Аџибадем Систина“ со руптура на преден вкрстен лигамент, а тимот на лекари од Англија сугерирал да ја изврши оваа интервенција. Колегите од Косово му предложиле повредата да ја санира до „Аџибадем Систина“ во Скопје.

„Драго ми е што добриот глас брзо се пренесува. Важно е да им понудиме на пациентите добра услуга. Секако, препораката е исто така важна и спортистите избираат само искусни клиники и доктори. Јас имам направено повеќе од 2.000 интервенции како оваа. Се надевам дека ќе нема компликации. Останува период на негово заздравување и редовни прегледи во нашата болница. За шест месеци повторно ќе се врати на спортските активности“, вели д-р Илиев.

Буњаку е репрезентативец на Косово, а кариерата ја почнал во „Арсенал“ во 2002 година каде останал десетина години и ја поминал нивната школа. Потоа четири година играл за „Севиља“, а сега игра за„ Дерби Каунти“. Иако надежен, Буњаку се соочил со тежок предизвик и со скинатите лигаменти кои му даваат стабилност на коленото. Д-р Илиев вели дека без интервенцијата неговата кариера ќе била завршена.

„Добра интервенција значи да се земе материјал од истиот пациент. Да се стават негови тетиви на анатомско место каде што лигаментот стои нормално и да се направи цврста фиксација“, вели д-р Илиев.