fbpx

ПО ПЕТ ДЕНА НА РЕСПИРАТОР, ТРУДНИЦАТА НЕРМИН УСПЕА ДА ГО ПОБЕДИ КОВИДОТ

28.12.2021

Нермин Али има само 36 години, а борбата со Ковид -19 ја водеше како за двајца. Морала да ја победи и за себе и за детето што го носела во себе. И навистина била храбра за двајцата – успешно. Нејзината приказна има среќен исход, но дека Ковид-19 е инфекција со непредвиден развој, за жал, морала да искуси на свој грб. Сега има здраво бебе, таа се чувствува добро, а за тоа најзаслужен е тимот во Клиничката болница „Аџибадем Систина“ каде се лекувала, на чело со д-р Патриција Каламарас. Таа вели дека секоја приказна, секој пациент во ковид-одделот во болницата ѝ е нова борба. Во овој случај освен за пациентката, се бореле и за плодот и тоа дополнително ја отежнувало ситуацијата, затоа што требало да се внимава и на терапијата и на целиот третман.

kalamaras pac
 

КОГА ИМА САМО МАЛКУ ОПЦИИ, А ЖИВОТОТ Е ЗАГРОЗЕН

Нермин Али живее во Шведска сиот свој живот иако нејзиното семејство е по потекло од Македонија. Кога дошле во земјава, за жал, искусила лошо искуство, едно од најтешките во нејзиниот живот. Одморот кој требал да биде реласирачки се претворил во борба за живот. Дошла во добра состојба, за една недела станала многу лоша. Д-р Патриција Каламарас вели дека се утврдило дека болни се 12 членови од истата фамилија. И кај неа и кај другите нејзини роднини се потврдил делта-сојот на коронавирусот. Само неколку дена по потврдата, ситуацијата на Нермин почнала да се влошува. Дополнителна тежина на случајот му давала нејзината бременост. Во тоа време Нермин била во 25. недела од бременоста. „Во првите неколку дена ја ставивме на кислородна поддршка со релативно уредни параметри за потоа да почне со нагло влошување и пад на сатурацијата. Затоа одлучив и ја приклучивме на неинвазивна вентилација, за потоа состојбата да прогресира и бараше пациентката да се вклучи на механичка вентилација. Впрочем, кога немаше друг начин како да ѝ се помогне, механичката вентилација беше единствен избор. Тоа е исклучителна ризична состојба, ние не се боревме само да го спасиме нејзиниот живот туку се боревме да го спасиме и бебето. Овие пациенти се најтешки, најкомплицирани за да ги третирате“, вели д-р Каламарас. Се внимавало на сите детали од лекувањето. Во вакви случаи не смее да се користи агресивна терапија, вели докторката. Важно било терапијата да ѝ делува на пациентката, но во исто време да не му се наштети на плодот. „Навистина е полесно кога пациентот не е во таква состојба, па може да се дадат и различни терапии. Во вакви случаи третманот е потежок и поодговорен. Ја баравме антибиотската терапија која е безбедна и за пациентката и за плодот“, вели д-р Каламарас.

n

СРЕЌА ЗА ДОКТОРКАТА, БЛАГОДАРНОСТ ОД НЕРМИН

Сведочи дека и покрај многуте болни, ваквите ситуации ја трогнуваат дополнително. „Се бориме и ние и се молиме да се бори и пациентот, да издржи. Стресот е поголем кога се знае дека се бориме со непријател како што е Ковид-19, вирус кој е непредвидлив и сè уште не е дефиниран целосно. Она што за нас беше важно е тој мултидисциплинарен пристап. Цело време соработувавме со колегите од гинеколошкиот оддел. Секој ден имавме консултации и со колегите од анестезиологија водени од д-р Никола Шиков, кои беа составен дел од третманот кај пациентката“, вели д-р Каламарас. Освен мултидисциплинарниот пристап, важна е стручноста на докторите која и во „Аџибадем Систина“ е загарантирана, секако и опременоста на болницата со најсовремена апаратура. Тоа била само можност плус за Нермин. Таа во „Аџибадем Систина“ била хоспитализирана две недели, а од нив пет дена и на механичка вентилација, односно на респиратор. Малкумина успеваат да го пребродат овој предизвик, но Нермин е светол пример. Откако успешно била тргната од механичка вентилација и добро напредувала, можела да биде трансферирана и во Шведска. „Во нашата болница ние не работиме со лесни случаи. Хоспитализирани се секогаш потешки случаи, но сме подготвени за тоа. Имаме свои протоколи, кои се строги и важни и ги почитуваме. Конкретно Нермин, откако успешно беше тргната од механичка вентилација, добро напредуваше. Дома се врати кога беше во стабилна состојба, како што налагаат и ЕУ- протоколите. Сега таа се породи, има здраво дете и сè поминало во најдобар ред. Ни прати слики од бебето и јас сум навистина пресреќна. Тоа е енергијата што ја црпиме за да направиме сè. Ние спасивме два живота одеднаш. Тоа е посебно чувство. Секако и пациентката соработуваше многу. Го прифати целиот притисок и знаеше дека треба да се бори“, раскажува д-р Каламарас. Нермин се изборила, а во светот многу мал процент преживуваат од ваква животозагрижувачка состојба. Самата вели дека нема зборови со кои може да ја опише среќата. Сега е добра, а добро е и бебето. Се сеќава дека ѝ било тешко кога била во болница затоа што морала да мисли и за неа и за бебето. Но, имала сигурна потпора и знаела дека дошла на вистинското место. „Јас бев бремена во 25. недела, многу ми беше жал што не можев да се справам со оваа ситуација бидејќи се чувствував многу лошо. Но, докторите ми помогнаа, особено д-р Каламарас Патриција. Ми помагаше многу. До крајниот момент беше со мене. Цело време дури се борев. Затоа од сè срце ѝ благодарам. Сега сум одлично“, вели Нермин. Вели дека бебето напредува добро. Посака да имаме мир, исто каков што имала сега и таа. Грижите се зад неа. Сега ѝ следуваат среќни моменти.