fbpx

ПАТУВАЈТЕ СО РЕЗУЛТАТИТЕ ОД „АЏИБАДЕМ СИСТИНА“ И СО ДИГИТАЛНИОТ КОВИД-19 СЕРТИФИКАТ НА COMMONPASS (QR КОД)

13.09.2021

AS Commonpass

Полесен и исклучително едноставен начин да ги преземете и да ги поседувате резултатите од направениот ковид-тест во лабораторијата на Клиничката болница „Аџибадем Систина“ сега и со CommonPass. Оваа дигитална потврда ви овозможува да го имате секогаш со вас документиран вашиот ковид-статус и така полесно да се движите во земјата и во странство, секако во согласност со барањата и условите кои се бараат согласно усвоените правила. Клиничката боилница „Аџибадем Систина“ поседува сертифицирана лабораторија која докажано обезбедува безбедно и брзо тестирање, а со потврдата CommonPass сите податоци  за вашиот здравствен статус ќе ги имате документирано лично кај вас на вашиот мобилен телефон.

CommonPass потврдата е дигитален доказ дека едно лице има негативен резултат од направен тест.

CommonPass потврдата е:

*во дигитална и/или печатена форма

*со QR код

*бесплатна

*на англиски јазик

*безбедна и сигурна

Како работи CommonPass?

Лицата кои сакаат да го користат CommonPass можат да пристапат до нивните резултати од лабораторијата на „Аџибадем Систина “.

CommonPass платформата проверува дали лабораториските резултати на лицето и вакциналните податоци се веродостојни и дали ги содржат барањата за здравствен скрининг на земјата на дестинација.

Доколу барањата се исполнети, CommonPass креира едноставен дигитален сертификат кој лицето може да го покаже или сподели без да открива лични здравствени информации.

CommonPass е дизајниран со можност за пристап директно преку други апликации и услуги. Со CommonPass и CommonTrustNetwork, владите можат со сигурност да го проверат верификуваниот ковид-статус на секој патник, а авиокомпаниското и прекугранично патување може безбедно да се вратат во „нормала“ за патниците, авиокомпаниите и владите.

CommonPass е дизајниран да ја штити приватноста на податоците и да ги задоволува регулативите за приватност на податоците, придржувајќи се кон следниве принципи на приватност:

  • Податоците се чуваат или споделуваат само со изречна согласност.
  • Се користи само минимален износ на лични податоци за каква било трансакција.
  • Лични здравствени информации се зачувуваат само на изворот на податоци или на телефонот на корисникот.
  • Податоците се чуваат само до оној степен што е неопходен и никогаш не се користат за друга намена.

Повеќе информации овде на овој линк..