fbpx

ПАТОЛОЗИТЕ ОД „АЏИБАДЕМ СИСТИНА“ ДЕЛ ОД 30. СЕМИНАР ЗА ГИНЕКОЛОШКА ПАТОЛОГИЈА

16.01.2024
AS Kolazh Kubelka Jashar

Патолозите од Клиничката болница „Аџибадем Систина“ беа дел од 30. Семинар за гинеколошка цитологија, кој се одржа на Медицинскиот факултет во Нови Сад. Овој семинар е дел од курсот за континуирана медицинска едукација на цитоскринери, патолози и гинеколози, како и сите оние што се ангажирани околу превенцијата на ракот на грлото на матката.

Веќе трети пат по ред, нашите патолози учествуваат на овој семинар со теми од областа на гинеколошката цитологија, што е уште еден доказ за квалитетот на нашата цитологија во државата, па и регионот.

На годинешниот семинар како поканети предавачи од „Аџибадем Систина“ беа: проф. д-р Катерина Кубелка-Сабит и проф. д-р Џенгис Јашар.

Темите што ги презентираа нашите доктори беа од областа на раната детекција на инвазивниот сквамозен карцином на грлото на матката и дикцијата на ендометријалните карциноми во рутинските ПАП-анализи кај женската популација.

Професијата патолог, објаснуваат докторите, воопшто не е лесна, но признанијата од страна на организаторот во однос на нивната стручност и посветеност е најголемата награда за нив.