fbpx

ОДРЖАН ПРВИОТ СТРУЧЕН СОСТАНОК НА МАКЕДОНСКОТО МУЛТИДИСЦИПЛИНАРНО ЗДРУЖЕНИЕ ЗА ХУМАН МИКРОБИОМ (ММЗХМ)

21.10.2022

Во името на хуманиот микробиом“ беше темата на првиот стручен состанок на новото мултидисциплинарно здружение, кој на 20 октомври се одржа во Клиничка болница „Аџибадем Систина“. Пред голем број еминентни гинеколози акушери, микробиолози, педијатри, гастроентерохепатолози, дерматолози, како и други специјалисти, беа промовирани најновите сознанија за хуманиот микробиом.

IMG low

Со поздравен говор стручниот состанок го отвори медицинскиот директор на болницата, проф. д-р Игор Кафтанџиев.

IMG

Предавачи од нашата болница беа:доц. д-р Корнелија Трајкова, гинеколог-акушер д-р Биљана Ќурчиќ, микробиолог, д-р Весна Пљакоска, дерматовенеролог и д-р Наташа Чучкова-Никчевска, педијатар, кои преку своите стручни презентации укажаа на важноста на микробиомот за здрав раст и развој на децата, важноста на микробиомот за кожата и за женското репродуктивно здравје. Предавач и член на здружението беше и д-р мед. науки Ирина Ангеловска, пулмолог, која зборуваше за белодробниот микробиом и неговата улога кај респираторните заболувања.

IMG low
IMG low quality
IMG low quality

Македонското мултидисциплинарно здружение за хуман микробиом (ММЗХМ) е регистрирано во рамките на Македонското лекарско друштво. Здружението ги обединува сите доктори по медицина во интерес на промовирање и истражување на значењето и улогата на хуманиот микробиом. Иницијативата произлезе од тим на доктори од нашата институција, со цел имплементација на актуелните трендови во медицината, за проучување на улогата на хуманиот микробиом за профилакса, превенција и третман на долга листа на стари и нови инфекции и состојби на модерното време.

IMG low quality

Покровител на стручниот состанок беше Клиничка болница „Аџибадем Систина“. Ни претставува чест што во нашата институција се одржуваат голем број стручни состаноци од мултидисциплинарен карактер, со цел унапредување на знаењето и размена на искуства.