fbpx

ОДДЕЛОТ ЗА ФИЗИКАЛНА ТЕРАПИЈА И МЕДИЦИНСКА РЕХАБИЛИТАЦИЈА ДОБИ ДВА НАЈСОВРЕМЕНИ АПАРАТИ

29.08.2019

Fizikalna terapija game ready cpc

Два нови апарати со кои ќе се зголеми ефикасноста во лечењето на пациентите се употребуваат на Одделот за физикална медицина при Клиничката болница „Аџибадем Систина“. Станува збор за Continuous passive motion (CPM) и за таканаречениот Game ready.

CPM е апарат што се користи при рана рехабилитација по операција на колк, колено, скочен зглоб, a Game ready e комбинација од крио и пресотерапија, која има широка примена во ортопедија и травматологија, како и при сите спортски повреди. Д-р Аница Хаџи-Петрушева вели дека со новата апаратура и новите можности Клиничката болница „Аџибадем Систина“ е во чекор со најновите трендови во рехабилитацијата.

„Бенефитот од користењето на CPM е во можноста на брзо раздвижување на оперираниот сегмент со точно зададени степени на флексија и екстензија. Вежбите се изведуваат пасивно, во растеретена положба, без никаков напор од страна на пациентот. Целта на започнувањето на раната рехабилитација со СРМ е добивање мобилност на зглобот со што поголем обем на движење и спречување на создавање ожилно ткиво“, вели д-р Хаџи-Петрушева.

Од друга страна, Game Ready е комбинација од крио и пресотерапија, која има широка примена во ортопедија и травматологија, како и при сите спортски повреди. Малиот број контраиндикации и широката старосна граница кај која може да се употребува го прават овој тип терапија уште попогоден. Д-р Хаџи-Петрушева вели дека дејствува на намалување на болката и отокот, намалување на мускулниот спазам и побрзо враќање на повредениот екстремитет во функција.