fbpx

ОБУКИ ЗА БРЗА И ЕФИКАСНА РЕАКЦИЈА ПРИ РЕАНИМАЦИЈА

19.07.2022

Соработката помеѓу Интернационалниот балкански универзитет (IBU) и Клиничка болница „Аџибадем Систина“ продолжува. Тимот за едукации под менторство на д-р Дарко Саздов и медицинските сестри Андроники Бибовска, Магдалена Митевска, Габриела Китевска и Ленче Спасовска во текот на летото организираа обуки за кардиопулмонална реанимација – напредно ниво CPR ALS за вработените од болницата.

n

Целта на оваа обука е усовршување на практичните вештини на персоналот и обезбедување брза и ефикасна реакција при реанимација. Практичната едукација е секогаш најдобриот начин за споделување на знаење и усовршување на вештини.

obuka
n

Задоволство е да се едуцира персонал во вакви современи и максимално опремени симулациски центри, велат едукаторите од Клиничка болница „Аџибадем Систина“. Се надеваме дека ваквата практика ќе продолжи и во иднина и медицинскиот персонал ќе може да добие уште многу вакви успешни обуки.

obuka