fbpx

НОВИ МОЛЕКУЛАРНИ ЛАБОРАТОРИСКИ ТЕСТОВИ И ПАКЕТИ ЗА ИВФ И ОДДЕЛОТ ЗА ГИНЕКОЛОГИЈА ВО „АЏИБАДЕМ СИСТИНА“

19.07.2021

AS Ginekologski Paketi Creatives

Во Клиничката болница „Аџибадем Систина“ отсега за пациентите достапни се нови пакети по достапни цени за детекција на сексуално преносливи болести, гинеколошки TORCH скрининг пакет за детекција на инфекции во бременост,  како и PCR-тесови за молекуларна детекција на нискоризични ХПВ вирус – тип 6 и тип 11 и PCR молекуларна детекција на Epstein Barr Virus наменет за сите пациенти.  Во Молекуларната лабораторија на Клиничката болница „Аџибадем Систина“ за првпат е воведен PCR молекуларен тест TORCH наменет за трудници. TORCH скринингот опфаќа панел тестови за откривање инфекции кај бремени жени. Инфекциите може да се пренесат на фетусот за време на бременоста, па затоа навремено откривање и лекување на инфекциите може да спречи низа компликации кај новороденчињата. Пакет испитувањата се прават преку примена на најсензитивен тип на метода RT PCR – што овозможува детекција на 5 причинители на инфекции и тоа:

  • PCR Rubella virus
  • PCR Herpes Virus 1
  • PCR Herpes Virus 2
  • PCR Cytomegalovirus
  • PCR  Toxoplasma gondii

Анализите се изработуваат  преку примерок крв, секој работен ден во лабораториите на „Аџибадем Систина“. Анализите се изработуваат поединечно или сите заедно. Цената на пакетот изнесува 11.720 денари.

  • За пациентите достапен е и PCR молекуларен STD пакет за детекција на сексуално преносливи инфекции. STD скринингот опфаќа панел тестови за откривање инфекции кои се пренесуваат од една на друга личност преку сексуален контакт. Со примена на најсензитивен тип на метода PCR – овозможена е детекција на 4 најчести причинители на инфекции:
  • PCR Neisseria gonorrhoeae
  • PCR  Chlamydia trachomatis
  • PCR  Mycoplasma genitаlium
  • PCR Trichomonas vaginalis 

 

Анализите се изработуваат преку цервикален брис, секој работен ден.  Цената на пакетот изнесува 2.840 денари.

Молекуларната лабораторија на Клиничката болница „Аџибадем Систина“ располага и со PCR молекуларна детекција на нискоризични HPV типови за тип 6 и 11. Condyloma acuminatum е бенигна хиперплазија на епителот главно предизвикана од хуман папилома вирус ХПВ со низок ризик и е многу честа вирусна сексуално пренослива инфекцијa. Вкупно, 90% од пациентите со condyloma acuminatum се предизвикани од ХПВ со низок ризик, и тоа најчесто од тип 6 и 11. Анализите се изработуваат преку примерок Thin Prep/цервикален  брис кај жени и уретрален брис кај мажи секој работен ден.  Цена на тестот е 2.470 денари.

Новитет во молекуларната лабораторија е и PCR-тестот за молекуларна детекција на Epstein Barr Virus (EBV) .

Вирусот Epstein Barr  предизвикува инфективна мононуклеоза, уште познат и како хуман херпесвирус 4,член на семејството на херпес вируси. Тој е еден од најчестите човечки вируси. ЕБВ се шири најчесто преку телесни течности, пред сè плунка. Анализата се изработува преку примерок од крв по цена од 2.470 денари.