fbpx

Нов метод на ласерско подмладување во Клиничката болница „Аџибадем Систина“

06.03.2019

Клиничката болница „Аџибадем Систина“ почна со примена на нов метод за подмладување на кожата. Станува збор за Er YAG ласер, кој работи и аблативно и неаблативно и има многу добар ефект. Доктор Андреј Петров вели дека ова е современ метод со кој кожата се затегнува без црвенило и отоци. Се применува на лицето, очните капаци, но и на внатрешниот дел од устата со цел аугментација и пополнување на брчки.

„Станува збор за ласерско подмладување кое има многу добар ефект. Им го нудиме на пациенти кои не сакаат дискомфорт, практично може да излезат од работа и по интервенцијата да се вратат назад на работа. Тоа е т.н. ладна рејувенација или smooth rejuvenation. Кожата со ласерот се затегнува ама не хируршки и без драматично црвенило и или оток на кожата“, вели доктор Петров.

Методот е современ и е практично замена на методите за вбризгување филери за пополнување на ткивото. Може да се прави на кој било дел од телото, обично на лицето, очните капаци, но може да се работи и на слузницата на внатрешниот дел на устата, односно за пополнување на браздите кон носот и устата. Методот може да се повтори неколку пати на растојание на еден месец. За да има ефект процесот вообичаено треба да се повтори четири пати.

Со примената на овој метод, Клиничката болница „Аџибадем Систина“ повторно се издвои како лидер во предностите и опциите кои им ги нуди на пациентите.

„Никој нема комплетна заокружена ласерска структура како ние. Имаме  5 различни ласери, односно системи кои се надополнуваат меѓу себе. Наша предност е што ние на пациентот може да му понудиме разни можности.  Впрочем, во Клиничката болница ‘Аџибадем Систина’ се користи васкуларен ласер, ако има васкуларни потреби, доколку има потреба од подлабоки аблативни третмани, тогаш се користи eCO2-ласерот. За мали операции на кожа, како на пример некој бенигнен израсток(тумор), се користи ER:YAG. Нашата предност е што имаме повеќе ласери“, вели Петров.