fbpx

НЕПРЕЧЕНО ДОЕЊЕ И ВО ТРГОВСКИТЕ ЦЕНТРИ – „АЏИБАДЕМ СИСТИНА“ ЈА ОПРЕМИ СОБАТА ЗА ДОЕЊЕ ВО „СКОПЈЕ СИТИ МОЛ“

11.07.2022

Со цел да го поддржиме доењето како најдобар избор за исхрана на новороденчињата и бебињата, Клиничка болница „Аџибадем Систина“ целосно ја опреми Собата за доење во „Скопје сити мол“.

За сите доилки кои го посетуваат овој трговски центар, обезбедивме удобно и пријатно катче наменето за најубавиот чин на секоја мајка. Собата е опремена со сите неопходни работи потребни за реализирање на доењето во интимна средина и запазување на хигиенските протоколи.  Собата за доење се наоѓа на вториот кат на трговскиот центар.

Како болница којашто е најголемо приватно родилиште и активен учесник во бројни процеси кои го унапредуваат доењето, со овој чекор даваме значителна поддршка и поттик на доилките да можат непречено да го нахранат своето бебе во секое време. Ваквиот заеднички проект со „Скопје сити мол“ е уште една потврда за заложбата на Клиничка болница „Аџибадем Систина“ да учествува во бројни општествено-одговорни активности и да поддржува унапредување на процесите од најразличен сегмент.