fbpx

НА 16 ДЕКЕМВРИ ВО КЛИНИЧКА БОЛНИЦА „АЏИБАДЕМ СИСТИНА“ ДОАЃА Д-Р ФРОСИНА КРСТАНОСКА

16.11.2022

Д-р Фросина Крстановска е сертифициран специјалист за сексуална медицина со клиничко искуство, која своите професионални знаења ги здобила во Европското здружение за сексуална медицина и поседува сертификат FECSM. Во амбулантата за сексуална медицина на 16 декември ќе се нуди клинички и психосексуален третман кога ќе се појават сексуални проблеми: намалена желба проблеми со ерекција пребрз но задоцнет излив на семена течност неможност за доживување оргазам намалено влажење на жената и болки помош на пациенти заболени од карцином, во фаза на лекување или излекување кои имаат сексуални проблеми. Лекувањето и советувањето се индивидуални или во пар и се пристапува повеќедимензионално, со оглед на тоа дека врз сексуалноста имаат влијание телесни и психолошки фактори, како и социјални. Затоа е потребен медицински пристап до поставување дијагноза и препишување лекови, каде што истовремено е вклучен и психотерапискиот третман со едукација, подобрување на комуникацијата на парот, како и вежби од когнитивно-бихејвиорална терапија, зависно од дисфункцијата. По потреба се вклучуваат и доктори од други специјалности – гинеколог, уролог, ендокринолог и психијатар. Во амбулантата се загарантирани доверливост и дискреција со високи етички стандарди.