Меѓународна недела на медицински сестри

IMG 5394

Мотото на ICN (International Council of Nurses-Интернациоанлиниот совет на медицинските сестри) за оваа година е: Здравјето е човеково право. Во пресрет на Меѓународната недела на Медицинските сестри, техничари и акушерки (05-12 мај) Клиничката болница „Аџибадем Систина“ зема активно учество со едукативни работилници и предавања во повеќе установи во Скопје на тема „Промовирање на здравјето за сите“.

Група од медицински сестри-лидери во 21 установа организираше едукативни предавања и работилници со цел да се опфатат најразлични категории на слушатели.Низ презентирање на важноста на здравјето и неговото зачувување беа едуцирани над 700 слушатели.

Во духот на здравјето и хуманоста медицинските сестри трчаа на Женската трка, учествуваа во трките за помош на лицата со Даунов синдром и Вилсон, како и на Скопскиот маратон 2018.

Најмладите учесници беа дечињата од градинките, потоа следеа ученици од основните и средните училишта, работници од различни установи, спортски работници, како и лица од домови за згрижување на стари лица.

Наша цел беше сите учесници активно да бидат дел од нашите предавања за да ги слушнеме сите здравствени проблеми со кои се соочуваат, да им дадеме совет, да ги подучиме, но и да бидеме дел од нивното здравствено воспитание.

Дечињата научија како правилно да ги мијат рачињата, одржуваат лична хигиена и правилно да се хранат, мајките од социјално ранливите категории како да се заштитат од сексуално преносливи заболувања и несакани бремености, жените посетуваа едукација за важноста на редовни контроли за рано откривање на рак на дојка, спортските работници имаа обука за срцево-белодробно и мозочно оживување (CPR), со повозрасните лица се зборуваше за важноста на контроли и сочувување на здрав кардиоваскуларен систем, правилна исхрана и здрав живот.

Со еден збор, медицинските сестри зборуваа ЗА ЗДРАВЈЕТО.

Во текот на обуките се споделија едукативни материјали и здрава храна, а најважното нешто кое сите заеднички го споделивме беше НАСМЕВКАТА – заштитниот знак на секоја медицинска сестра.

 

Контакт Аџибадем СистинаЗакажи преглед, термин

 

 Acibadem Sistina Fotogalerija

  

Спортски спонзорства

Мобилни апликации

Online Library