Центар за рано откривање и третман на деца со пречки во развој

Педијатрискиот тим во Клиничката болница „Аџибадем Систина“ секојдневно се соочува со деца кои имаат потреба од проценка, ран третман и интервенција. Ова беше повод да се отвори Центарот за рано откривање и третман на деца со пречки во развојот. Се работи за многу чувствителна категорија на деца во чија обработка е потребен мултидисциплинарен пристап. Нашиот тим го сочинуваат:

развоен педијатар – д-р Анета Демерџиева – која ја прави првичната проценка на отстапувањата од развојот и поставува сомнение за евентуална дополнителна медицинска обработка (метаболен скрининг, лабораториска проценка, генетско тестирање, посебно кај деца со елементи за ментална регресија и ретардација, аудиолошки скрининг кај деца со проблеми во говорот и цела низа дополнителни иследувања зависно од клиничката слика кај секој пациент индивидуално);
педијатриски невролог- д-р Оливера Лековскаспроведува невролошка проценка (невролошки преглед, невролошко-физиолошка дијагностика -EEG и други комплементарни невролошки иследувања). Се занимава со развојно следење на доенчиња со потенцијален ризик за развојно отстапување, поради фактори од страна на мајката или бременоста (предвремено породување, патолошка бременост и др.). Третира коморбидни невролошки состојби (епилепсии, церебрална парализа).
дефектолог – Соња Јорданова Цацановска - која покрај дефектолошкиот третман е едуцирана и исклучително искусна и во логопедскиот третман.

Тимскиот пристап обезбедува на едно место обработка на детето, корелирање на добиените резултати и континуирано следење на ефектите од третманот. Нашата порака е: секое сомнение на родителот и околината, барем и незначитечно, бара сериозен пристап и еваулација.  Целта е да се постави дијагноза колку е можно побрзо за да се почне со ран третман. Проценката мора да биде реална и соодветна на возраста, за што постојат точно утврдени стандарди. Сепак, најважно е секој родител да знае дека без оглед на сите видови медицински интервенции што се потребни и секојдневно ги преземаме, детето мора да има специјална едукација, односно да работи со дефектолог. Овој третман не може да биде заменет со ниту еден лек. Во одредени состојби тоа е основниот третман, а во одредени состојба само поддршка на медицинскиот дел која гарантира постепено возвраќање на потиснатите функции. И наместо заклучок - родителот мора да биде информиран дека никој однапред не знае колкав е развојниот максимум кој може да се извлече од неговото дете. Но, едно е сигурно, доколку се третира, ќе биде подобро. Децата се причината за нашето постоење и нашата иднина. Нашиот тим поеднакво се бори за секое дете со пречки во развојот. Затоа што секое дете, без оглед на степенот на развојното нарушување, заслужува шанса за подобар и поквалитетен живот.

Контакт Аџибадем СистинаЗакажи преглед, термин

 

 Acibadem Sistina Fotogalerija

  

Спортски спонзорства

Мобилни апликации

Online Library