И докторите се разболуваат, нели?

4 март 2017, ден кога во избезуменост и со висока температура се јавив во Ургентниот центар во Клиничката болница „Аџибадем Систина“. Цела недела претходно безуспешно го лекував инфицираниот палец на левото стапало со антибиотици и преврски. Веднаш бев примена на Одделот за васкуларна хирургија и беше пронајден висок шеќер, кој бил причина за промени во левото стапало и палецот поради недоволен доток на крв. По направената артериографија, дијагностицирано беше затнување на левата потколенична артерија. Следуваше регулирање на шеќерот во крв и подготовка за оперативен зафат.

Д-р Митко Караѓозов го изврши оперативниот зафат кој следуваше како бајпас на долната потколенична артерија. Зафатот беше направен со цел да се спаси левата потколенична артерија и да се исхрани стапалото. Не дека се плашев од операцијата, таа беше неминовна, но следуваше шок зашто ни најмалку не го очекував резултатот.

За мене се грижеше мултидициплинарен тим

Му благодарам на неуморниот д-р Караѓозов и целиот тим од неговиот Оддел за васкуларна хирургија за сите зафати и третмани што ги минав. По оперативниот зафат следуваше регулација на шеќерот во крвта, за што се залагаше проф. д-р Чедомир Димитровски, а потоа и физикален третман за полесно заздравување и движење. Примав антибиотици и инфузии за да се спречи премин на инфекцијата од стапалото во крвта. Три недели бев во болница под надзор на д-р Кaраѓозов, тимот за контрола, тимот за преврски и инфузии, координиран од главната сестра Сашка Ленц. Во исто време бев под диететски режим одреден од нутриционистот Ана. Потоа се обидов да правам преврски дома, но не одеше најдобро. Неуморниот д-р Караѓозов ми предложи преврски во нивниот оддел со специјални гази. Преврските траеjа речиси шест месеци и резултираа со успешно заздравување на палецот.

Искрена порака до читателите

Би сакала со ова мое обраќање да им посочам на сите навидум здрави луѓе задолжително да ги прават сите испитувања што се задолжителни во превентивните систематски прегледи. Сето тоа ми беше задача како примариус во трудова медицина и доктор со долгогодишно искуство, но поради мојата фобија од болести и загриженост од шеќерната болест што ја имав во блиската фамилија, не го правев тоа.

Со почит,

Прим. д-р Олга Соколовска

Контакт Аџибадем СистинаЗакажи преглед, термин

 

 Acibadem Sistina Fotogalerija

  

Спортски спонзорства

Мобилни апликации

Online Library