Брзата реакција на докторите беше клучна за моето здравје

Miroslav Calic 1

По долги подготовки заедно со семејството тргнавме на одмор од Данска за Грција. По часови возење, почувствував страшна болка во градите. Застанав, се обидов да си дојдам при себе, но болката не поминуваше. Сето ова се случи во непосредна близина на Крушевац, Србија. Со сопругата, испаничени, решивме да одиме во најблиската болница. Ме примија и ми кажаа дека морам да останам. Следното утро дојде доктор кој ми кажа дека имам инфарктна состојба на срцето. Не можев да поверувам што ми се случува бидејќи никогаш претходно немав никакви проблеми со здравјето. Докторот ми објасни за што се работи, но во исто време префрлат во поголема болница бидејќи во нивната немаат услови за коронарографија. Мојата сопруга во паника веднаш ја контактираше осигурителната компанија од Данска, чии осигуреници сме целото семејство, да ни дадат насока каде да одиме. Од нив следуваше нов шок дека морам да одам во Скопје да ме хоспитализираат. Ме упатија во Клиничката болница „Аџибадем Систина“. Се воодушевив од брзината со која дојде амбулантно возило за да ме однесат до таму и приемот на тимот кој ме презеде.

Miroslav Calic 2

Немав никој познат за да прашам која е болницата,  какви услови нуди. Едноставно се предадов и си реков „сигурно знаат што е најдобро за мене“. По неколку часа возење, стигнавме во Македонија и во Клиничката болница „Аџибадем Систина“. Тогаш веќе ми стана јасно дека мојата осигурителна компанија си ја знае работата и се грижи за своите осигуреници најдобро што може. Не верував дека ваква болница може да постои не само во Скопје туку на целиот Балкан. Одлични услови, насмеан и пријателски расположен персонал, кој ме опушти и ме смири дека сум во вистински раце. Ме пречека д-р Димитар Душкоски, кој ми ја објасни целата постапка на лекување. Веќе следниот ден ми беше направена коронарографија, на која се утврди дека имам стеснување на главната гранка на срцето. Ми поставија стент, а следните денови заздравував. Веднаш по интервенцијата почнав да се чувствувам подобро, да ми се враќа силата. По три дена болничко лекување, заминав дома. Заминав среќен и задоволен што мојот одмор наместо во Грција заврши во Скопје, бидејќи ми го спасија животот. Му благодарам на целиот персонал кој даде сè од себе за да ми помогне, да не се почувствувам осамен и запоставен бидејќи во оваа земја не познавам. Му благодарам на д-р Димитар Душкоски за неговите стручност и професионалност, а пред сè за неговата човечност.

Бескрајно благодарен

Мирослав Цалич

Контакт Аџибадем СистинаЗакажи преглед, термин

 

 Acibadem Sistina Fotogalerija

  

Спортски спонзорства

Мобилни апликации

Online Library