Болница која зрачи со топлина и љубов

Filip Gjorgjioski 2

Соочен со безизлезна состојба, кај мене се изгуби надеж дека повторно ќе бидам оној стариот Филип. Со само 24 години бев истоштен од агонијата што ја минував цели 8 месеци. Не смеев ништо да јадам и без ниту една корка леб во устата, ослабнав 25 килограми. Mи беше забрането дури и вода да се напијам. Осум месеци извор за мојот живот беше стома која ја носев на стомакот и беше приклучена за цревата. Преку неа со пасирана храна се одржував во живот. Секојдневието беше сè потешко, без енергија и ослабнато тело. Во таква состојба лекарите не ми даваа надеж.

Операција надвор од земјава

Нивните зборови беа барајте спас надвор од Македонија, ние не можеме да го направиме овој сложен зафат. Тоа беа зборови кои ме одалечуваа од мојот сон да можам повторно нормално да јадам и да живеам како и моите врсници. Баравме помош, но наидувавме на затворени врати.

Ние можеме да ја направиме интервенцијата

Во безизлезна состојба, решивме помош да бараме уште една недела. Така дојдовме во „Аџибадем Систина“ кај д-р Тони Јосифовски, кој ни беше последна шанса дека ќе ми помогне. Уште ги паметам зборовите на докторот „ние можеме да ја направиме операцијата“. Тоа беше огромно олеснување, и со нетрпение го очекував мигот кога ќе  почнам повторно да јадам. Д-р Тони Јосифовски е мојот спасител кој успеа да ме врати на стариот пат.

Filip Gjorgjioski 1

 

Повторно почнав да јадам

Следните 22 дена по операцијата ги поминав во болницата, каде секој вработен зрачи со топлина и љубов. Целиот персонал беше со мене, ме бодреа и ми помагаа побрзо да закрепнам. По операцијата го запознав мојот друг спасител, проф. д-р Зоран Трајковски, кој ми направи дополнителни интервенции и сега сум повторно стариот.

Можам да пијам вода, да јадам овошје, да јадам цврста храна, да џвакам и да уживам. За само 2 месеца ја зголемив тежината за 15 килограми. Не можам да ви опишам какво е чувството кога повторно ќе вкусите храна и ќе се напиете вода.

По само два месеци повторно сум стариот Филип, благодарение на д-р Тони Јосифовски и проф. д-р Зоран Трајковски.  

Мојот живот се промени и затоа од срце ви благодарам

Филип Ѓоргиоски

Контакт Аџибадем СистинаЗакажи преглед, термин

 

 Acibadem Sistina Fotogalerija

  

Спортски спонзорства

Мобилни апликации

Online Library