Довербата во д-р Тони Јосифовски ме донесе во „Аџибадем Систина“

На Одделот за хирургија го запознавме 35-годишниот пациент Мите Кузевски, кој пред само неколку дена беше опериран од д-р Тони Јосифовски. Задоволен од целата грижа што ја добил за време на престојот, но и од професионалниот однос на д-р Тони Јосифовски, реши да ја сподели својата приказна.

„На 5 јуни, на денот на мојот роденден, дојдов во Аџибадем Систина за операција. Посетив повеќе клиники во потрага по решение за мојата хронична состојба – Кронова болест. Потребно беше да ја направам што е можно поскоро хируршката интервенција, но имав страв и неизвесниот од самата интервенција. Направив консултации во повеќе болници, но по разговорот со д-р Тони Јосифовски бев сигурен дека Аџибадем Систина ќе биде местото каде што ќе се оперирам. Кај докторот дојдов по препорака на пријатели. Д-р Јосифовски многу смирено, професионално настапи кон мојот проблем и ми објасни детално што треба да се направи. Ми влеа самодоверба и по разговорот со него, сфатив дека операцијата е единственото решение. Мојот најголем страв беше дека ќе биде потребно да се отстрани целото дебело црево, како што ми пренесоа во државна болница. Но, д-р Јосифовски ми објасни дека ќе се отстрани само онолку колку што ќе биде неопходно. Сега се чувствувам одлично“, вели Мите

По престојот во болницата, Мите вели дека сè излегло според неговите планови и очекувања. Очекувал професионална болница од секој аспект, во тоа и се уверил.

„Друга исто важна причина поради која дојдов во Аџибадем Систина е односот кон пациентот буквално од сите тука, почнувајќи од паркинг па сè до приемот во болница. Сите се насмеани и љубезни, сакаат да ти помогнат. И третата, исто важна, причина беше хигиената и условите кои ги има болницата. По престојот тука, навистина се уверив и ми се потврди мислењето за болницата. Професионалност во секој поглед“, вели Мите.

Контакт Аџибадем СистинаЗакажи преглед, термин

 

 Acibadem Sistina Fotogalerija

  

Спортски спонзорства

Мобилни апликации

Online Library