Во одделот за стоматологија се применуваат најновите докажани научни методи кои се засноваат на академски истражувања во областа стоматологија.

Дизајн

Стоматолошките ординации имаат уникатен дизајн. Тие се дизајнирани во духот на светските метрополи Париз и Њу Јорк. Додека ја разубавувате вашата насмевка, просторот, музиката, елементите ве водат на романтична прошетка во Париз или помеѓу облакодерите во магичниот Њу Јорк. Во пријатна и опуштена атмосфера ќе заборавате дека сте на стоматолог благодарение на концептот стоматологија без болка.

Стоматолози

На одделот работи искусен тим на специјалисти обучени во врвни центри во светот. Тимот стоматолози нуди решение за секој ваш проблем брзо едноставно и без болка. Ви овозможува нова насмевка со само 3 посети на стоматолог.

• Естетска стоматологија
• Орална хирургија
• Имплантологија
• Протетика
• Eндодонција (терапија на коренски канал)
• Детска стоматологија
• Проблеми со темпоромандибуларни зглобови
• Парадонтологија со пародонтална хирургија

Естетска стоматологија

Насмевката е првиот впечаток на вашето лице. Таа мора да биде здрава сјајна и блескава. Сите овие елементи за вашата совршена насмевка може да се постигнат со современата стоматологија. Естетската стоматологија не преставува само козметичка интервенција на вашите заби, туку многу повеќе. Денеска естетската стоматологија се смета за уметност, која треба да ви понуди не само совршен изглед туку и функционалност на забниот низ. Одделот за стоматологија при Клиничката болница „Аџибадем Систина“ нуди најсовремени протетски и козметички третман за здравје, естетика и функционалност на забниот низ. Како дополнување на естетската хирургија нудиме и најсовремена орална хирургија и имплантологија.

Имплантологија

Денаталните импланти се совршена замена за изгубениот заб. Го надоместуваат изгубениот заб и превенираат понатамошно губење на коската. Постапката е едноставна и се изведува во локална анестезија. Сите импланти системи се изработени од висококвалитетен титаниум со различен процент на чистота обложени со тенок филм на површината кој овозможува 100 процентно врзување на истиот со виличната коска.

Детска стоматологија

Врвниот тим на стоматолози им посветува особено внимание на децата и се грижи нивното дентално здравје. Сите интервенции се изведуваат внимателно со посебен пристап со цел да се победи стравот кај децата од стоматолог. За време на интервенцијата дечињата може да го гледаат својот омилен цртан филм а за најхрабрите следуваат специјалини пломби со светки во најразлични бои.

Zirconium коронки и мостови

Zirconium е вештачки материјал кој има исти карактеристики како дијамантот. Се користи во стоматологијата за изработка на коронки и мостови. Zirconium коронките и мостовите кои ексклузивно се изработуваат во Клиничката болница „Аџибадем Систина“, се со природна боја, голема цврстина и не создаваат алергии, што даваат совршени резултати од аспект на естетика и функција. Со нив може да се коригираат несовршеностите на вашите заби како: скршен или искривен заб или доколку имате поголеми празнини меѓу забите.

CAD-CАM

CAD-CAM е најсовремена компјутерска технологија за изработка на неметални коронки и мостови. Оваа технологија овозможува пациентот во соработка со стоматологот да ја креира својата насмевка. Ја одредува големината и изгледот на новиот заб. Самата постапка на изработка е брза, и за неколку минути овозможува прецизно и квалитетна изработка на коронки и мостови.

ТЕХНОЛОГИЈА

TENEO - најсовремена стоматолошка столица во светот

Одделот за стоматологија е опремен со најмодерна столица која нуди максимална удобност на пациентите. За време на интервенцијата пациентот може да се релаксира благодарение на функцијата за масажа која ја поседува како своја карактеристика оваа столица. Исто така за поголема удобност и опуштање пациентот може да гледа телевизија или пак да ја следи работата на стоматологот, преку специјален монитор како дел од опремата.

ORTHOPHOS XG 3D

ORTHOPHOS XG 3D e најсовремениот панорамски рендген апарат кој овозможува висок квалитет на слики и помала доза на зрачење кон пациентот дури и до 60%. Оваа технологија обезбедува 3D панорамска слика на пациентот со што се добива точна дијагноза и можност за прецизни стоматолошки процедури. Овозможува најсовремена компјутерски водена имплантологија.

 

Стоматологија

 

Д-р Миле Марин

Д-р Андрејчо Грнчаровски

Д-р Гордан Лазаревски

Д-р Марио Илковски

 

 

 

 

Контакт Аџибадем СистинаЗакажи преглед, термин

 

 Acibadem Sistina Fotogalerija

  

Спортски спонзорства

Мобилни апликации

Online Library