Сеопфатна грижа за дијагноза, третман и следење на заболувањата на тироидната жлезда. Сѐ на едно место и во еден ден.
Нашата цел е навремено откривање и прецизна дијагноза на заболувањата на тироидната жлезда, индивидуализиран пристап во лекувањето и постигнување на најдобри можни резултати за секој пациент.
Центарот за тироидна жлезда во „Аџибадем Систина“ претставува нов современ мултидисциплинарен центар посветен на дијагностика, третман и следење на сите заболувања на тироидната жлезда. Со интегрирање на експертизата на специјалистите по нуклеарна медицина и специјалистите по градна хирургија заедно со радиолозите, патолозите, ендокринолозите и педијатрите, на пациентите им овозможуваме целосна здравствена грижа на едно место – од првиот преглед до конечниот третман и долгорочното следење.
Нашата цел е навремено откривање и прецизна дијагноза на заболувањата на тироидната жлезда, индивидуализиран пристап во лекувањето и постигнување на најдобри можни резултати за секој пациент.
Во рамките на Центарот функционираат специјализирани амбуланти за дијагностика и третман на заболувања на тироидната жлезда, кои се наоѓаат на Одделот за нуклеарна медицина каде што пациентите добиваат комплетна евалуација од искусни специјалисти по нуклеарна медицина, тироидолози. Се дијагностицираат и третираат состојби како: хипотироидизам, хипертироидизам, Хашимото тироидитис, Грејвс-Базедова болест, акутни и субакутни тироиди, тироидни јазли и карцином на тироидната жлезда.
Секој пациент добива персонализиран план за лекување и следење, базиран врз најсовремените медицински препораки и протоколи.
Прецизната дијагноза е основа за успешно лекување. Центарот располага со софистицирана лабораторија, која овозможува брза и точна анализа на сите хормонски и имунохемиски параметри поврзани со функцијата на тироидната жлезда.
Се обезбедува експертска анализа на пункциска биопсија и оперативни материјали, што овозможува навремено поставување точна дијагноза и планирање на понатамошниот третман.
Центарот располага со најсовремена радиолошка опрема за детална проценка на тироидната жлезда и околните структури (КТ, МРи). Овие процедури овозможуваат рано откривање и прецизна проценка на сите промени на тироидната жлезда.
Во зависност од индикациите, се изведуваат и минимално инвазивни радиолошки процедури, вклучувајќи современи техники за аблација на тироидни јазли, со што кај одредени пациенти може да се избегне хируршки третман, но под строго поставени индикации за оваа метода.
За пациентите кај кои е потребен оперативен третман, Центарот обезбедува врвна хируршка експертиза во рамките на Одделот за хирургија. Операциите на тироидната жлезда ги изведува искусен тим хирурзи со примена на најсовремени техники и стандарди.
При хируршките интервенции се користи интраоперативен невромониторинг – напредна технологија, која овозможува континуирано следење на функцијата на рекурентниот ларингеален нерв за време на операцијата. Ова значително придонесува за зголемена безбедност на пациентот и намалување на ризикот од компликации.
Прв ехо скрининг центар за тироидна кај новороденчиња
Посебен акцент во работата на Центарот е ставен и на раната детекција на евентуални вродени нарушувања на тироидната желзда кај новороденчиња преку ехоскрининг, кој ќе биде вклучен во пакетите за продување како бесплатен преглед за сите новороденчиња родени во „Аџибадем Систина“.
МУЛТИДИСЦИПЛИНАРЕН ПРИСТАП ЗА НАЈДОБРИ РЕЗУЛТАТИ
Најголемата предност на Центарот за тироидна жлезда е тесната соработка помеѓу сите специјалности вклучени во процесот на дијагноза и лекување. Секој случај се разгледува индивидуално, а терапевтските одлуки се носат врз основа на заедничка експертска проценка.
Со современа технологија, врвна медицинска експертиза и целосно интегрирана грижа, Центарот за тироидна жлезда во „Аџибадем Систина“ обезбедува највисоко ниво на здравствена услуга за пациентите со заболувања на тироидната жлезда.
Copyright © 2026 Developed by Unet All rights reserved.