Детска психијатрија

Детска психијатрија

Составен и многу значаен дел од Одделот психијатрија е и одделот за детска психијатрија.  Овој оддел ја опфаќа целокупната проблематика со која се соочуваат децата и родителите, низ сите животни циклуси, опфаќајки ги сите сфери за типичен и атипичен развој.

На овој оддел се третираат и следат :

  • Нарушувања во вниманието (ADHD),
  • нарушувањата во исхраната( анорексија, булимија),
  • депресија,
  • третман на невротски нарушувања,
  • нарушувања во психосексуалниот развој,
  • себеповредувачко однесувања,
  •  детски аутизам,
  • детска шизофренија,
  • биполарно афективно растројство кај млади,
  • деца со попречен развој и сите типови на душевна заостанатост,
  • Растројства на нагони и импулси,
  • растројства на половиот идентитет, специфични говорни и развојни растројства,
  • тикови,
  • растројства на социјално функционирање со почеток специфичен за детството.

Дополнително им се помага на родителите и децата во воведување во сите развојни фази, поаѓање во јасли, градинка, училиште, потешкотии на училиште, агресивно однесување, променливо расположение кај адолесценти и менаџирање на истото, прифаќање на животни загуби, смрт на близок, развод на партнерите, припрема за нов член во семејството. Психотераписки интервенции за зголемување на самодовербата кај младите, психоедукација на родителите за подобрување на родителството.

Доктори во одделот

Специјалист по детска и адолесцентна психијатрија

Copyright © 2025 Developed by Unet All rights reserved.