Клиничка Болница “Аџибадем Систина” има потреба од :
Администратор на Одделот за асистирана репродукција/IVF
ОПИС НА РАБОТНОТО МЕСТО
- Организирање, координирање и закажување на термини за пациенти
- Секојдневна комуникација со пациенти, лично, телефонски и преку електронска пошта
- Прием, евидентирање и ажурирање на медицинска и административна документација
- Водење на евиденции поврзани со лабораториските процедури и третмани
- Подготовка, обработка и архивирање на документи согласно законските прописи и интерните процедури на болницата
- Координација помеѓу пациентите, докторите, ембриолозите и останатиот медицински персонал на одделот
- Следење на административниот тек на постапките за асистирана репродукција
- Изработка на извештаи, табели и друга административна документација
- Грижа за точноста, навременоста и доверливоста на податоците
- Останати специфични активности на одделот.
ПОТРЕБНИ КВАЛИФИКАЦИИ И ПОЗНАВАЊА
- Завршено средно/високо образование (предност ќе имаат кандидати од областа на здравствените науки, администрација, менаџмент или сродни области)
- Одлично познавање на MS Office пакет (Word, Excel, Outlook)
- Претходно искуство во областа ќе се смета за предност;
- Одлично познавање на англиски јазик (говорење, читање, пишување);
ЛИЧЕН ПРОФИЛ
- Професионален однос кон работата, одговорност и дисциплинираност;
- Почитување на правила и кодекс на работа;
- Внимателност и прецизност при работењето;
- Способност за индивидуална и тимска работа;
- Способност за преземање иницијатива и мотивираност за постојана едукација/надградба на знаењата;
- Процена на проблеми и решавање на проблеми;
- Висока работна етика.
ДОПОЛНИТЕЛНИ ИНФОРМАЦИИ
- Огласот е отворен 15 работни дена. Апликациите треба да бидат доставени на email: hr@acibademsistina.mk или по пошта на: Клиничка Болница „Аџибадем Систина“, ул. „Скупи“ 5А, 1000 Скопје.
- Уредна пријава ќе се смета секоја навремена пријава по огласот.
- Дискреција на кандидатите е загарантирана.
- Само кандидатите кои ќе влезат во потесен круг ќе бидат повикани на интервју.