Аџибадем Систина

Активен оглас

Активен оглас

Администратор на Одделот за асистирана репродукција/IVF

Објавено на: 25.06.2026
Статус: Активен

            Клиничка Болница “Аџибадем Систина” има потреба од :

 

Администратор на Одделот за асистирана репродукција/IVF

 
ОПИС НА РАБОТНОТО МЕСТО

-          Организирање, координирање и закажување на термини за пациенти

-          Секојдневна комуникација со пациенти, лично, телефонски и преку електронска пошта

-          Прием, евидентирање и ажурирање на медицинска и административна документација

-          Водење на евиденции поврзани со лабораториските процедури и третмани

-          Подготовка, обработка и архивирање на документи согласно законските прописи и интерните процедури на болницата

-          Координација помеѓу пациентите, докторите, ембриолозите и останатиот медицински персонал на одделот

-          Следење на административниот тек на постапките за асистирана репродукција

-          Изработка на извештаи, табели и друга административна документација

-          Грижа за точноста, навременоста и доверливоста на податоците

-          Останати специфични активности на одделот.

ПОТРЕБНИ КВАЛИФИКАЦИИ И ПОЗНАВАЊА

  • Завршено средно/високо образование (предност ќе имаат кандидати од областа на здравствените науки, администрација, менаџмент или сродни области)
  • Одлично познавање на MS Office пакет (Word, Excel, Outlook)
  • Претходно искуство во областа ќе се смета за предност;
  • Одлично познавање на англиски јазик (говорење, читање, пишување);

ЛИЧЕН ПРОФИЛ

  • Професионален однос кон работата, одговорност и дисциплинираност;
  • Почитување на правила и кодекс на работа;
  • Внимателност и прецизност при работењето;
  • Способност за индивидуална и тимска работа;
  • Способност за преземање иницијатива и мотивираност за постојана едукација/надградба на знаењата;
  • Процена на проблеми и решавање на проблеми;
  • Висока работна етика.

ДОПОЛНИТЕЛНИ ИНФОРМАЦИИ

  • Огласот е отворен 15 работни дена. Апликациите треба да бидат доставени на email: hr@acibademsistina.mk или по пошта на: Клиничка Болница „Аџибадем Систина“, ул. „Скупи“ 5А, 1000 Скопје.
  • Уредна пријава ќе се смета секоја навремена пријава по огласот.
  • Дискреција на кандидатите е загарантирана.
  • Само кандидатите кои ќе влезат во потесен круг ќе бидат повикани на интервју.

Прикачете CV *

Се согласувам личните податоци да се чуваат во датабазата на Клиничка болница АЏИБАДЕМ СИСТИНА Скопје за регрутација на кадар.

Повеќе информации околу заштитата на личните податоци можете да прочитате во Политика на приватност.

Copyright © 2026 Developed by Unet All rights reserved.