Клиничкаболница “Аџибадем Систина” го проширува својот тим и има потреба од:
ЕСТЕТИЧАР
Работни обврски:
- Спроведување естетски и козметолошки третмани
- Анализа на состојбата на кожата и препорака на соодветни третмани
- Асистирање и работа во областа на естетската дерматологија согласно стручните протоколи
- Советување на клиенти за домашна нега и козметички производи
- Одржување на високи стандарди за хигиена и квалитет на услугата
- Работа со ласерски систем за отстранување на влакна
- Асистенција при прегледи и амбулантски интервенции
ПОТРЕБНИ КВАЛИФИКАЦИИ И ПОЗНАВАЊА
- Завршено образование од областа на козметологија, естетика или сродна област
- Претходно работно искуство во естетска дерматологија и козметологија
- Претходно работно искуство за работа со ласер ќе се смета за предност
- Познавање и практично искуство со третмани за лице и тело
- Познавање на професионална козметика и протоколи за нега на кожа
- Одговорност, професионалност и посветеност кон клиентите
- Одлични комуникациски вештини и тимска работа
- Познавање на англиски јазик
- Познавање на работа со компјутери
- Љубезност, флексибилност, доверливост
ДОПОЛНИТЕЛНИ ИНФОРМАЦИИ
- Огласот е отворен 15 (петнаесет) работни дена. Апликациите треба да бидат доставени на email: hr@acibademsistina.mk или по пошта на: Клиничка Болница „Аџибадем Систина“, ул. „Скупи“ 5А, 1000 Скопје.
- Уредна пријава ќе се смета секоја навремена пријава по огласот.
- Дискреција на кандидатите е загарантирана.
- Само кандидатите кои ќе влезат во потесен круг ќе бидат повикани на интервју.