Клиничката болница “Аџибадем Систина”, со цел проширување на својот тим, објавува оглас за вработување на радиолошки технолог.
ОПИС НА РАБОТНОТО МЕСТО
Извршува радиолошки снимања/испитувања (рентген, компјутерска томографија-КТ, магнетна резонанца-МРИ, а по потреба и други дијагностички процедури)
Ги подготвува, информира и правилно позиционира пациентите за снимање
Ракува со современа радиолошка опрема и софтвери за обработка на медицински слики
Ги следи и применува сите протоколи за радиолошка заштита и безбедност на пациентите и персоналот
Доколку е потребно асистира на докторот радиолог при интервентни процедури
Одржува хигиена и функционалност на работниот простор и опремата во континуирана комуникација и координација со медицинскиот тим на одделот
ПОТРЕБНИ КВАЛИФИКАЦИИ И ПОЗНАВАЊА
Завршено високо образование за радиолошки технолог и положен стручен испит
Минимум 2 години искуство на позицијата
Познавање на апаратите на одделот и нивното функционирање
Познавање на мерките за безбедност и претпазливост
Високо ниво на внимателност при работењето
Високо развиени комуникациски и тимски способности
Способност за работа во динамична средина
Одговорност, прецизност и организираност
Високо ниво на доверливост и работна етика
Познавање на работа со компјутер
Одлично познавање на англиски јазик
ДОПОЛНИТЕЛНИ ИНФОРМАЦИИ
Огласот е отворен 15 (петнаесет) работни дена. Апликациите треба да бидат доставени на email: hr@acibademsistina.mk или по пошта на: Клиничка Болница „Аџибадем Систина“, ул. „Скупи“ 5А, 1000 Скопје.
Уредна пријава ќе се смета секоја навремена пријава по огласот.