Аџибадем Систина

Активен оглас

Активен оглас

Доктор по општа медицина на Одделение за Детска Кардиохирургија

Објавено на: 03.06.2025
Статус: Активен

Клиничка Болница “Аџибадем Систина” има потреба од :
 

Доктор по општа медицина на Одделение за Детска Кардиохирургија

 

ОПИС НА РАБОТНОТО МЕСТО

 

Докторот по општа медицина на Одделението за детска кардиохирургија врши преглед на пациенти, врши следење на хоспитализирани пациенти и води декурсуз, укажува прва помош при итни случаи, учествува во водење на медицинската документација при хоспитализирање на пациент и испис од болницата (под менторство на ординирачки доктор). 

ПОТРЕБНИ КВАЛИФИКАЦИИ И ПОЗНАВАЊА

  • Завршено високо медицинско образование (доктор на медицина)
  • Положен стручен испит
  • Лиценца за работа;
  • Предност ќе имаат кандидатите со запишана специјализација по кардиохирургија или детска хирургија
  • Познавање на англиски јазик (говорење, читање, пишување);
  • Познавање на работа со компјутери; 

ЛИЧЕН ПРОФИЛ

  • Професионален однос кон работата, одговорност и дисциплинираност;
  • Почитување на правила и кодекс на работа;
  • Внимателност и прецизност при работењето;
  • Способност за индивидуална и тимска работа;
  • Способност за преземање иницијатива и мотивираност за постојана едукација/надградба на знаењата;
  • Процена на проблеми и решавање на проблеми;
  • Флексибилност;
  • Адаптибилност;
  • Висока работна етика.

ДОПОЛНИТЕЛНИ ИНФОРМАЦИИ

  • Огласот е отворен 15 работни дена. Апликациите треба да бидат доставени на email: hr@acibademsistina.mk или по пошта на: Клиничка Болница „Аџибадем Систина“, ул. „Скупи“ 5А, 1000 Скопје.
  • Уредна пријава ќе се смета секоја навремена пријава по огласот.
  • Дискреција на кандидатите е загарантирана.
  • Само кандидатите кои ќе влезат во потесен круг ќе бидат повикани на интервју. 

Прикачете CV *

Се согласувам личните податоци да се чуваат во датабазата на Клиничка болница АЏИБАДЕМ СИСТИНА Скопје за регрутација на кадар.

Повеќе информации околу заштитата на личните податоци можете да прочитате во Политика на приватност.

Copyright © 2025 Developed by Unet All rights reserved.