Аџибадем Систина

Активен оглас

Активен оглас

Електричар

Објавено на: 12.05.2025
Статус: Активен

Клиничката болница “Аџибадем Систина” има потреба од:

 
- Електричар
 
 Електричарот ракува со електро-енергетски инсталации и постројки, врши секојдневни проверки, дефектажа и мали интервенции на електроинсталацијата, одклонување на дефекти, врши контроли на електродистрибутивни ормари, електромотори, пумпи и друга опрема, врши по потреба нивна демонтажа, монтажа и поврзување, испитување и пуштање во работа, изготвува извештаи и пополнува формулари за извршените работни задачи, обврски и тековни активности кои ги работи одделот.

ПОТРЕБНИ КВАЛИФИКАЦИИ И ПОЗНАВАЊА

  • Завршено средно електротехничко училиште
  • Минимум 2 години искуство во работа како електричар
  • Способност за безбедно, внимателно и прецизно работење
  • Способност како за тимска, така и за индивидуална работа
  • Способност за работа во ограничен простор
  • Способност за читање на технички цртежи и електрични шеми
  • Можност за работа во ноќна смена 

ДОПОЛНИТЕЛНИ ИНФОРМАЦИИ

  • Огласот е отворен 5 (пет) работни дена.
  •  Апликациите треба да бидат доставени на: e-пошта: hr@acibademsistina.mk или по пошта на: Клиничка Болница „Аџибадем Систина“, ул. „Скупи“ 5А, 1000 Скопје.
  • Уредна пријава ќе се смета секоја навремена пријава по огласот.
  • Дискреција на кандидатите е загарантирана.
  • Само кандидатите кои ќе влезат во потесен круг ќе бидат повикани на интервју. 

Прикачете CV *

Се согласувам личните податоци да се чуваат во датабазата на Клиничка болница АЏИБАДЕМ СИСТИНА Скопје за регрутација на кадар.

Повеќе информации околу заштитата на личните податоци можете да прочитате во Политика на приватност.

Copyright © 2025 Developed by Unet All rights reserved.