Аџибадем Систина

Активен оглас

Активен оглас

ИНФОРМАТИЧКИ ТЕХНИЧАР

Објавено на: 22.04.2025
Статус: Активен

 
Клиничка болница “Аџибадем Систина” го проширува својот тим и има потреба од:
 
  • ИНФОРМАТИЧКИ ТЕХНИЧАР (1 извршител)
 
ИТ Техничарот врши контрола на функционирањето и одржувањето на постоечките компјутерски системи, принтерите и мрежната опрема и обезбедува техничка поддршка при користење на истите. Врши надоградба на компјутерските системи и софтверските пакети со нови верзии и врши безбедносни копии. Изработува упатства, прирачници и процедури. Врши мониторинг, дијагноза и отстранување хардверски и програмски проблеми.

ПОТРЕБНИ КВАЛИФИКАЦИИ И ПОЗНАВАЊА

  • Минимум завршено средно образование, високо образование ќе се сметаат за предност
  • Работно искуство минимум 1 година
  • Одлично познавање на англиски јазик
  • Одлични комуникациски вештини
  • Способност за превземање иницијатива и мотивираност за надградба на знаењата
  • Способност за динамична работа и работа на терен
  • Висока работна етика
  • Професионален пристап кон работните обврски и превземање одговорност
  • Почитување на правила и кодекс на работа
  • Флексибилност за индивидуална и тимска работа

 

ДОПОЛНИТЕЛНИ ИНФОРМАЦИИ

  •  Огласот е отворен 5 (пет) работни дена. Апликациите треба да бидат доставени на email: hr@acibademsistina.mk или по пошта на: Клиничка Болница „Аџибадем Систина“, ул. „Скупи“ 5А, 1000 Скопје.
  • Уредна пријава ќе се смета секоја навремена пријава по огласот.
  • Дискреција на кандидатите е загарантирана.
  • Само кандидатите кои ќе влезат во потесен круг ќе бидат повикани на интервју.

Прикачете CV *

Се согласувам личните податоци да се чуваат во датабазата на Клиничка болница АЏИБАДЕМ СИСТИНА Скопје за регрутација на кадар.

Повеќе информации околу заштитата на личните податоци можете да прочитате во Политика на приватност.

Copyright © 2025 Developed by Unet All rights reserved.