Клиничка болница “Аџибадем Систина” го проширува својот тим и има потреба од:
- ИНФОРМАТИЧКИ ТЕХНИЧАР (1 извршител)
ИТ Техничарот врши контрола на функционирањето и одржувањето на постоечките компјутерски системи, принтерите и мрежната опрема и обезбедува техничка поддршка при користење на истите. Врши надоградба на компјутерските системи и софтверските пакети со нови верзии и врши безбедносни копии. Изработува упатства, прирачници и процедури. Врши мониторинг, дијагноза и отстранување хардверски и програмски проблеми.
ПОТРЕБНИ КВАЛИФИКАЦИИ И ПОЗНАВАЊА
- Минимум завршено средно образование, високо образование ќе се сметаат за предност
- Работно искуство минимум 1 година
- Одлично познавање на англиски јазик
- Одлични комуникациски вештини
- Способност за превземање иницијатива и мотивираност за надградба на знаењата
- Способност за динамична работа и работа на терен
- Висока работна етика
- Професионален пристап кон работните обврски и превземање одговорност
- Почитување на правила и кодекс на работа
- Флексибилност за индивидуална и тимска работа
ДОПОЛНИТЕЛНИ ИНФОРМАЦИИ
- Огласот е отворен 5 (пет) работни дена. Апликациите треба да бидат доставени на email: hr@acibademsistina.mk или по пошта на: Клиничка Болница „Аџибадем Систина“, ул. „Скупи“ 5А, 1000 Скопје.
- Уредна пријава ќе се смета секоја навремена пријава по огласот.
- Дискреција на кандидатите е загарантирана.
- Само кандидатите кои ќе влезат во потесен круг ќе бидат повикани на интервју.