fbpx

Тахсин ЃУНЕЈ

Заменик-генерален директор (Регионално работење)
Член на Одбор на директори

Г. Тахсин Ѓунеј дипломирал во 1989 година на Техничкиот универзитет во Турција (Middle East Technical University), отсек Јавна администрација. Во периодот од 1997 до 1999 година завршил магистерски студии на Лондонскиот универзитет (City University London), на катедрата за Статистички науки и статистика.

Неговата магистерска теза е насловена „Моделирање на пензискиот систем во Турција“. Г. Ѓунеј ја започнал кариерата како асистент-инспектор во Агенцијата за социјална заштита во 1990 година. Подоцна, во 1993 година бил унапреден во инспектор, во 2000 година раководител на Одделот за финансии и статистика, во 2005 година потпретседател и заменик-претседател и во 2007 година заменик-претседател на Управниот одбор на агенцијата.

Во 2008 година, г. Тахсин Ѓунеј стана дел од Здравствената групацијата „Аџибадем“ како директор за планирање и развој на бизнисот. Од 2013 година е заменик-генерален директор.