fbpx

Јордан КАМЧЕВ

Претседател на Одбор на директори
Главен извршен директор

По завршување на Факултетот за економски науки Јордан Камчев посветено работи во одржувањето и издигнувањето на семејната компанија ОРКА Холдинг. Во последните две децении создаде високо реномирана компанија, која стана бренд во повеќе сегменти од општествените дејности.Неговиот најголем белег во македонското општество е инвестицијата во здравството.

Во 2001 година ја основаше првата приватна Специјална болница за гинекологија и акушерство „Мала Богородица – Систина“. Десет години подоцна, благодарение на неговата визија за подобар здравствен систем, ја создаде првата Клиничка болница „Систина“, која за само една година стана дел од турскиот синџир болници „Аџибадем“.

Јордан Камчев покрај инвестиции во здравството има значаен придонес во развојот на земјоделството, текстилната индустрија, банкарството, издаваштвото, спортот и многу други дејности кои се дел од компанијата ОРКА холдинг.

Неговиот визионерски дух, професионалност, иновативност и посветеност го издигнаа на листата најдобри менаџери во земјата и регионот. Како резултат на големата амбиција и желба да се содава и креира подобра бизнис клима во сите сфери на општеството, неговото име е синоним за успешно раководење на една од најголемите компании во Р. Македонија.